Слад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слад за производство на виски

Слад — ‘ртена житарица, најчесто од јачмен, која се пржи за да ги ослободи сите ароми и се користи во производството на пиво, виски и други алкохолни пијалаци.

Процесот на добивање слад е едноставна операција која го следи природниот развој на житарицата, најчесто јачмен, но исто така пченица, ‘рж, овес, за истата да даде некои ензими и шеќери[1][2][3][4].

Производство[уреди | уреди извор]

Надолжен пресек на јачменово зрно

Сладот се произведува во сладари, а одговорното лице се вика сладар[5].

Прием на житарицата[уреди | уреди извор]

Претставува квалитативно оценување на технолошките показатели – зафатнинска маса, апсолутна маса, рамномерност на големината на зрната, влажност, содржина на белковини и др.

Прочистување и сортирање[уреди | уреди извор]

Прочистувањето се врши во машини кои ги отстрануваат лесните и тешките честички и магнетен сепаратор кој ги задржува металните примеси.

Потоа зрната се сортираат по големина со машини за сортирање заради тоа што различните големини на зрна бараат различно време за киснење. Потоа суровината се складира и во тој период таа може да доузрее што е важен дел во технолошкиот процес.

Киснење[уреди | уреди извор]

Преобразувањето на зрната во слад се случува при нивното ‘ртење. За истото да се предизвика, зрната се киснат во вода. Нивната нормална содржина на вода е околу 11-12%, а за изртат потребно е да истата да достигне 42-44%.

’Ртење[уреди | уреди извор]

’Ртењењето се изведува во уреди кои поддржуваат оптимална влажност, температура и содржина на јаглерод диоксид (CO2) во воздухот. Зрнестата маса периодично се размесува.

Во процесот на ‘ртење на зрната во нив се активираат ензими, кои го разградуваат скробот и високомолекулните белковини во растворливи соединенија. Во оваа фаза суровината се нарекува „зелен слад“.

Сушење[уреди | уреди извор]

Високата содржина на вода во зелениот слад, го прави истиот нетраен, а тоа го отежнува неговиот транспорт и складирање. Затоа тој се суши во сушални со дување на топол воздух. Процесот трае околу 24 часа, и е специфичен за различни видови сладови. При светли сладови, температурата на крајот на сушењето достигнува 80 степени Целзиусови.

Одвојување на никулците[уреди | уреди извор]

При ‘ртењето на зрната им растат никулци и се налага нивно отстранување. Истото се врши машински со посебни машини.

Складирање[уреди | уреди извор]

Веднаш по сушењето сладот е трошлив и тоа може да ја наруши технологијата на производство на пијалакот. Затоа сладот се складира извесен периода за да достигне рамнотежна влажност. После тоа е спремен за производство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „How to brew manually by John Palmer“. Архивирано од изворникот на 2015-10-18.
  2. „Quality Factors for Malting, Brewing and other End-uses“. Oregon State University.
  3. „What is malting?“. Архивирано од изворникот на 2015-10-09.
  4. Kirk-Othmer Food and Feed Technology. New York: Wiley-Interscience. 2007. стр. 116–120. ISBN 0-470-17448-X.
  5. Пиво – приказната за златниот пијалак