Прејди на содржината

Инвенции и синфонии (Бах)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Инвенции и симфонии (герм. Inventionen und Sinfonien, BWV 772-801) — збирка од триесет кратки клавијатурни композиции со петнаесет инвенции и петнаесет синфонии од композиторот Јохан Себастијан Бах. Бах ги наменил за музичкото образование на неговите ученици.

|Бр. 1, BWV 787]]

Ова е насловниот опис кој Бах самиот го напишал за збирката:

„Верен Водич, каде на обожавателите на клавикордот им се укажува прост метод на учење не само да свират јасно во два дела, туку ист така со понатамошниот напредок да владеат три облигато-делови добро и точно, а истовремено не само како да добијат добри Инвенции, туку исто така како добро да ги развијат истите; но пред сè, да се здобијат со кантабиле-стил на свирење, и заедно со ова да добијат силен увид во компонирањето.“

Двете групи на композиции се наредени по клуч кој се накачува, со тоа што секоја група покрива петнаесет молски и дурски клучеви. Редоследот е:

  1. Ц-дур
  2. Ц-мол
  3. Д-дур
  4. Д-мол
  5. Ес-дур
  6. Е-дур
  7. Е-мол
  8. Ф-дур
  9. Ф-мол
  10. Г-дур
  11. Г-мол
  12. А-дур
  13. А-мол
  14. Х-дур
  15. Х-мол

Инвенциите биле компонирани во Кетен, додека синфониите веројатно не биле довршени сè до почетокот на лајпцишкиот период.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]