Прејди на содржината

Илија Шапкарев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илија Шапкарев
Роден 26 јули 1931
Велгошти, Кралство Југославија
Починал 6 јуни 2013(2013-06-06) (возр. 81)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање математичар, универзитетски професор

Илија Шапкарев (26 јули 1931 во Велгошти6 јуни 2013 во Скопје) — македонски универзитетски професор и математичар.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирал во 1954 година на Филозофскиот факултет, а во 1964 година докторирал на Природно-математичкиот факултет со темата „Инваријантни диференцијални равенки во однос на смена на функцијата“.

Од 1959 година станал асистент на Техничкиот факултет. Во учебната 1965/66 година бил на специјализација во Математичкиот институт во Гетинген, Германија. Од 1975 година е професор на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Научниот интерес му е областа на диференцијалните равенки. Автор е на 60-тина научни трудови и на учебници за високо и средно образование, учествувал на голем број конгреси и симпозиуми.

Бил ментор на докторски и магистерски трудови и мошне активен на стручно и општествено поле.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шакири“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1644. Text "series " ignored (help)