Игра на прозорец
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Игра на прозорец - збирка раскази за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.
Содржина[уреди | уреди извор]
Збирката ги содржи следниве раскази:[1]
- Игра на прозорец
- Коле го бара своето автомобилче
- Лубеница
- Слатко
- Гостинчиња
- Желба голема како автобус и црвена како автобус
- Ах тоа маче
- Ноќта е жедна за таква смеа
- Тајна
- Томе будилникот
- Езерско волкче
- Дете и птица
Технички податоци[уреди | уреди извор]
Збирката „Игра на прозорец“ била објавена како заедничко издание на неколку издавачки куќи: „Мисла“, „Наша книга“, „Македонска книга“, „Култура“ и „Детска радост“ и служела како задолжителна лектира за трето одделение во основното образование на СР Македонија. Оттука, таа доживела повеќе изданија. Изданието од 1990 година има 80 страници и било отпечатено во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“. Илустрациите во книгата се дело на Божидар Дамјановски, а Александар Каевски ја обликувал корицата и го ивршил графичкото уредување.[2]