Јанка Купала
Јанка Купала Я́нка Купа́ла | |
---|---|
Роден/а | 7 јули [ст. ст. 25 јуни] 1882 Вјазинка, Минск, Белорусија |
Починат/а | 28 јуни 1942 (59 г.) Москва, Русија |
Занимање | поет и писател |
Националност | Белорус |
Период | 1903-1942 |
Јанка Купала(белоруски: Я́нка Купа́ла; 7 јули [ст. ст. 25 јуни] 1882 - 28 јуни 1942) бил псевдонимот на белорускиот поет и писател Иван Даминикавич Луцевич. Купала се смета за еден од најголемите белоруски писатели на XX век.
Животопис
[уреди | уреди извор]Купала е роден на 7 јули 1882 година во близина на Минск во Белорусија. Двата родители на Купала биле фармери и поради тоа Купала бил сметан за дел од селската класа на граѓани. Тој се стекнал со традиционално белоруско образование и истото го завршил во 1898 година. По смртта на неговиот татко во 1902 година, тој работел неколку краткотрајни работи.
Првиот книжевен потег на Купала бил „Зјарно“, поема на полски јазик која ја завршил во 1903 или 1904 година под псевдонимот „К-а.“. Неговото прво дело на белоруски било („Мая доля“) и истото било објавено на 15 јули 1904 година. Првата издадена поема му била „Мужык“ („Селанец“) и оваа била издадена на 11 мај 1905 година во списанието „Северозападни крај“. Во периодот 1906/ 1907 година тој објавил неколку поеми во белоруското списание „Наша нива“.
Купола бил добитникот на Орденот Ленин во 1941 година за колекцијата „Ад сэрца“ (Од срце). Тој во 1941 година се преселил во Москва поради окупацијата на Белорусија од Нацистичка Германија. Во Москва објавувал поеми за поддршка на белоруските партизани. Купала умерел мистериозно во 1942 година во Москва, по пад низ скали во „Хотел Москва“. Официјално смртта била назначена како несреќа, но и денес постојат шпекулации за вистинската причина за смртта на писателот.
Купала се смета за симбол на белоруската култура за време на советскиот режим. Во Минск има подигнати и музеј за овој писател.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јанка Купала“ на Ризницата ? |
- Сонети на Јанка Купала Архивирано на 16 март 2012 г.
|