Иванчице (чешки: Ivančice; германски: Eibenschütz) — град во Јужноморавскиот крај, Чешка, 21км југозападно од Брно. Населението брои околу 9.300 жители. Се наоѓа на местото кајшто се слеваат реките Ослава, Јиглава и Рокитна.
Местото за првпат се споменува во 1221 г., а во 1288 г. добива статус на кралско место. Во XV век преоѓа во сопственост на семејството фон Липа и останува во негово владение сè до Битката на Бела Гора (1620). Во XVI век Иванчице бил важен центар на евангелистичката заедница „Братско единство“. Во градот работел епископот на братството, Јан Благослав, кој бил и истакнат хуманист и јазичар. За време на Триесетгодишна војна во Иванчице насилно е повратен католицизмот и градот ја изгубил дотогашната важност.
Во градот има музеј посветен на глумецот Владимир Меншик (1929-1988). Иванчице е познато и како родно место на истакнатиот сликар и графичар Алфонс Муха (1860-1939)