ИДОУ „Фридтјоф Нансен“ - Прељубиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„"Фридтјоф Нансен"“

Место
Општина: Јегуновце
Нас. место: Прељубиште
Основни информации
Контактни информации

ИДОУ Фридтјоф Нансен е основно училиште во тетовското село Прељубиште. Оваа установа е отворена по моделот на основното училиште „Нансен" од Лилехамер, Норвешка со помош на „Нансен" дијалог-центарот од Скопје. Ова училиште функционира од 2008 година.[1]Карактеристично за овој модел на училиште е тоа што учениците македонци и албанци учат заедно во исти простории и слушаат настава наизменично на два јазика, македонски и албански.

Историја[уреди | уреди извор]

Проектот Интегрирано двојазично основно училиште е дел и резултат од програмата “Дијалог и реконсилијација“ што невладината организација Нансен Дијалог Центар од Скопје започнал да ја имплементира во општина Јегуновце во 2005 година. Општина Јегуновце како таргет општина беше избрана бидејќи беше зафатена со вооружениот конфликт во 2001 година и поради етничката поделба во 2002 на учениците Македонци и Албанци од централното основно училиште во с. Шемшово и околните училишта. Со активностите од програмата беа опфатени учениците од 5-8 одделение, нивните родители, наставниците, градоначалникот и членовите на Советот на општина Јегуновце како и претседателите на месните заедници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Двојазично училиште во Тетово - проект за доверба и интеграција“ (македонски). Deutsche Welle. 22.10.2008. конс. 2010-09-12. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]