ПУ „Шемшево“ - Прељубиште

Координати: 42°1′52″N 21°5′37″E / 42.03111° СГШ; 21.09361° ИГД / 42.03111; 21.09361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шемшево

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Јегуновце
Наречено по: Шемшево
Нас. место: Прељубиште
Адреса: с. Прељубиште
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски и албански
Контактни информации
Телефон 044 376 227
Факс 044 376 227

Основно училиште „Шемшево“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Шемшево - Прељубиште“; скратено: ПООУ „Шемшево“) — подрачно основно училиште во селото Прељубиште.[1]

Името на училиштето е според името на селото Шемшево.

Неколку години по 2008 година, училиштето работело под називот Интегрирано двојазично основно училиште „Фритјоф Нансен“, кога во него се изведувала настава наизменично на два јазика, македонски и албански.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на излезот од селото Прељубиште.

Настава[уреди | уреди извор]

Во училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.

Историја[уреди | уреди извор]

Нансен[уреди | уреди извор]

Училиштето било отворена по моделот на основното училиште „Нансен“ од Лилехамер, Норвешка со помош на дијалог-центарот „Нансен“ од Скопје, сите наречени по норвешкиот истражувач, дипломат и нобеловец Фритјоф Нансен (1861-1930). Било отворено во 2008 година.[2] Карактеристично за овој модел на училиште е тоа што учениците Македонци и Албанци учат заедно во исти простории и слушаат настава наизменично на два јазика, македонски и албански.

Проектот бил дел и резултат од програмата „Дијалог и реконсилијација“ што невладината организација „Нансен Дијалог Центар“ од Скопје започнала да ја спроведува во Општина Јегуновце во 2005 година. Општина Јегуновце како таргет општина била избрана бидејќи била зафатена со вооружениот конфликт во 2001 година и поради етничката поделба во 2002 на учениците Македонци и Албанци од централното основно училиште во селото Шемшево и околните училишта. Со активностите од програмата биле опфатени учениците од 5-8 одделение, нивните родители, наставниците, градоначалникот и членовите на Советот на општина Јегуновце како и претседателите на месните заедници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Основни училишта“. Општина Јегуновце. Архивирано од изворникот на 2022-02-09. Посетено на 2022-02-15.
  2. „Двојазично училиште во Тетово - проект за доверба и интеграција“. Deutsche Welle. 22 октомври 2008. Посетено на 2010-09-12.

42°1′52″N 21°5′37″E / 42.03111° СГШ; 21.09361° ИГД / 42.03111; 21.09361