Зоолошка градина во Загреб
Зоолошка градина во Загреб | |
---|---|
![]() Мапа на зоолошката градина во Загреб | |
![]() | |
Отворена | 27 јуни 1925 |
Површина | 7 хектари, вклучувајќи езера и бари |
Координати | 45°49′22″N 16°1′19″E / 45.82278°N 16.02194°E |
Бр. на животни | 2,225 |
Бр. на видови | 275 |
Посетители годишно | 350,000 |
Членства | Европско здружение на зоолошки градини и аквариуми, Светско здружение на зоолошки градини и аквариуми |
Зоолошката градина во Загреб (хрватски: Zološki vrt grada Zagreba) е зоолошка градина која се наоѓа во рамките на паркот Максимир во Загреб, Хрватска, а се наоѓа веднаш преку улица од стадионот Максимир, каде што се играат големите фудбалски натпревари и се одржуваат рок концерти.[1] Таа е една од три зоолошки градини во државата.
Зоолошката градина во Загреб е членка на Европското и Светското здружение на зоолошки градини и аквариуми, и е учесник во Европската програма за загрозени видови.
Историја
[уреди | уреди извор]Зоолошката градина во Загреб првпат била отворена на 27 јуни 1925 година. Реконструкцијата на старата зоолошка градина започна во 1990 година. Во октомври 2016 година, првиот дел од нејзината реконструкција и модернизација беше завршен.
Животни
[уреди | уреди извор]Зоолошката градина е дом на 2,225 животни кои припаѓаат на 275 видови, вклучувајќи снежен леопард, црвена панда, окапи, адакс антилопа, сахарски орикс, севернокинески леопард, шимпанзо, Дијана заморец, европски бизон, пигмејски нилски коњ и двогрба камила.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Се гради нова зоолошка градина, четири пати поголема од максимирската! Архивирано на 3 март 2016 г. (хрватски )