Зовриениот град (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Зовриениот град (српскохрватски: Узаврели град) - југословенски филм, во режија на Вељко Булајиќ. Улогите ги играат: Велимир Бата Живојиновиќ, Драгомир Фелба, Илија Џувалековски, Јанез Врховец, Милош Кандиќ, Милена Дравиќ итн. Филмот бил премиерно прикажан на Пулскиот филмски фестивал при што ја поделил Златната арена за најдобар филм.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот ги прикажува драматичните економски и социјални промене во Југославија по Втората светска војна. Дејствието е сместено во Зеница, во 1950-тите, во времето на изградбата на челичарниците, кога дошло до брза трансформација на ова провинциско место во голем и модерен град. Во тој период, во Зеница дошле бројни селани со нивните семејства, инженери, техничари, криминалци и проститутки. Имајќи осет за желбите и стремежите на овие луѓе, Шиба се обидува да им помогне, работејќи со ентузијазам и љубов кои ја надминуваат неговата должност. Меѓутоа, тешко е да се задоволат сите барања при што, настојувајќи да постигне повеќе, Шиба прави грешки. Со голем напор, градителите успеваат да ја совладаат стихијата по пукањето на браната и додека првото железо тече од новите печки, Шиба, сменет поради направените грешки, ја напушта зовриената Зеница.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]