Зграда Слово
Зградата Слово (украински: Будинок «Слово») е станбена повеќекатна зграда која се наоѓа во округот Шевченковски во Харков. Обликот на зградата ја отсликува буквата „С“ во украинскиот збор слово („слово“) што на македонски значи „збор“. Обликот на зградата всушност симболизира дека е изградена во чест на истакнати украински писатели, кои живееле таму во вкупно 66 станови. Зградата била изградена во доцните 1920-ти. Во неа биле сместени многу украински писатели и поети, од кои некои, познати како погубена ренесанса, подоцна биле погубени од Советскиот Сојуз во Сандармох.
Конструкција
[уреди | уреди извор]Како главен град на Украинската Советска Социјалистичка Република од 19 декември 1919 до 24 јуни 1934 година,[1] градот Харков станал центар на украинската економија со што предизвикал раст на населението. Населението се зголемило од 285.000 во 1920 година до 423.000 во 1927 година, со што недостигот на станови станал еден од главните проблеми.[2] Ова влијаело и на книжевната заедница, која дошла во Харков од Киев поради политиката на украинизација.[3] Писателите кои не можеле да си ги дозволат повисоките цени на становите, живееле во нивните канцеларии или импровизирани домови. Некои од писателите кои биле лошо сместени ги чувале своите ракописи во тенџериња со цел да спречат глувци да грицкаат хартија.[1] Еден од тие писатели кои живееле во неговата канцеларија бил Павло Тихина кога станал главен извршен директор на списанието Червони Шилак во 1923 година.[4]
Така, во средината на 1920-тите, Остап Вишња, кој во тоа време бил дел од организацијата на писатели наречена плуг, побарал од советската влада да изгради станбен комплекс во кој би можеле да се сместат најважните украински интелектуалци. Идејата била речиси веднаш одобрена од страна на луѓето на Советскиот Сојуз, кои ја виделе како средство за следење на украинските интелектуалци, кои сите ќе бидат во иста зграда.[4] Новиот комплекс бил дизајниран во септември 1927 година од страна на архитектот Митрофан Дашкевич, кој ја дизајнирал зградата во форма на буквата Ц од кирилицата за да ја означи првата буква од зборот слово, а зградата исто го добила името Слово (Слово).[5] Бидејќи сè уште не постоеле средства за да се изврши изградбата на зградата, Вишња отишол во Москва во февруари 1929 година и побарал од Јосиф Сталин да ја финансира изградбата.[6] Сталин се согласил и ги дал парите истиот ден (под услов жителите да ги вратат во рок од 15 години).[4] Зградата била завршена на 25 декември 1929 година.[7]
Зградата била изградена во аристократска мода, со тоа што секој апартман имал 3 или 5 соби, што претставувало голем луксуз во меѓувоениот Советски Сојуз. Зградата Слово била висока пет спрата, имала 66 апартмани кои биле направени од најдобрите материјали кои биле достапни во тоа време. На покривот биле изградени солариум и бања, заедно со градинка во подрумот.[2] На крајот на 1929, станарите се преселиле, иако централното греење не било изградено сè до Новата Година во 1930. Станарите биле наречени Словјани.[5] Секој апартман бил опремен со бања, централно греење и телефони. На уметнците исто така им биле дадени и нивни студија.[8] По Втората Светска Војна, бил изграден лифт, иако преку него бил возможен пристап само на приземниот и на петтиот кат.[6]
Извршена ренесанса
[уреди | уреди извор]Преку употребата на телефон за прислушување, станарите бил шпиониран и биле пријавени дека се уапсену од нивниот сосед во т.н. ера на погубена ренесанса. Глумицата Халина Мневска била првата уапсена на 20 јануари 1931 година, бидејќи не сакала да го осуди својот сопруг, Клим Полишчук, кој бил истрелан во Карелија. Таа била уапсена и осудена на 5 години затвор и никогаш не ѝ било дозволено да се врати во Украина.[1] Второто уапсено лице бил Павло Кристиук на 2 март 1931 година и Иван Бахријањи на 16 март 1932 година поради нивните контрареволуционерни движења.[6]
Меморијален проект
[уреди | уреди извор]Во март 2017 година, проектот ProSlovo бил лансиран низ Украина. Истражувачкиот проект бил посветен на куќата Слово и нејзините претходни жители. Сите резултати, мемоари и слики биле објавувани на веб-страница во интерактивна форма. На англиски или украински, публиката можела да ја набљудува временската рамка на зградата, 3D визуелизација на секој стан, фотографии од секој жител, мапи и мемоари.[1] Во текот на 2017 година беше објавен и документарен филм за оваа зграда. Филмот бил напишан од Лиубов Јакимчук и Тарас Томенко а бил во режија на Томенко. Филмот „ Куќата Слово“ вклучувал преглед на секој стан придружен со мемоари и изјави на очевидци.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Kiev, Claudia Bettiol (26 May 2020). „Ukraine: Slovo, from "house of the word" to nightmare“. balcanicaucaso.org (англиски). Архивирано од изворникот на 1 November 2020. Посетено на 17 February 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Didenko, Kateryna. „The Slovo Building“. constructivism-kharkiv.com (англиски). Архивирано од изворникот на 17 February 2022. Посетено на 2022-02-17.
- ↑ Bertelsen, Olga (2013). „The House of Writers in Ukraine, the 1930s: Conceived, Lived, Perceived“. The Carl Beck Papers in Russian and East European Studies (англиски) (2302): 14. doi:10.5195/cbp.2013.170. ISSN 2163-839X. Архивирано од изворникот на 17 February 2022. Посетено на 17 February 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Bilalov, Rashid; Garrood, Michael, уред. (2020-03-12). „Slovo House — how a special Soviet apartment block for writers became their prison“. Euromaidan Press (англиски). Архивирано од изворникот на 17 February 2022. Посетено на 2022-02-17.
- ↑ 5,0 5,1 „Writer's house "slovo"“. ProSlovo (англиски). Архивирано од изворникот на 17 February 2022. Посетено на 2022-02-17.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Story of Slovo House : From 1923 to nowadays“. ProSlovo (англиски). Архивирано од изворникот на 18 February 2022. Посетено на 2022-02-18.
- ↑ Bertelsen, Olga (2016-02-15). „Regional Nationalism and Soviet Anxieties during the Great Terror in Ukraine: The Case of Mykhailo Bykovets'“. East/West: Journal of Ukrainian Studies (англиски). 3 (1): 39–74. doi:10.21226/T2H01C. ISSN 2292-7956. Архивирано од изворникот на 18 February 2022. Посетено на 18 February 2022.
- ↑ „'Slovo House'“. Warsaw Institute (англиски). 2018-05-24. Архивирано од изворникот на 28 January 2021. Посетено на 2022-02-18.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на зградата Про Слово.
- Салимонович, Л. Непрочитано „Слово“ (Непрочитане «Слово») . Украина Молода . 12 август 2005 година,