Зауер (река)
Изглед
Зауер/Зур | |
---|---|
Горното езеро Зауер, вештачко езеро во горниот дел на Долината Зауер. | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Помеѓу Обербилинг и Васербилинг 49°42′48″N 6°30′24″E / 49.71333° СГШ; 6.50667° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение | Мозел—Рајна—Северно Море |
Речен слив | Рајна |
Притоки | |
• леви | Вилц, Ур, Прим |
• десни | Алзет, Бел Ернц и Црн Ернц |
Зауер — река која тече низ западноевропските држави Белгија, Германија и Луксембург. Извира во југоисточна Белгија во близина на Vaux-sur-Sûre, во Ардените.
Оваа река ја прави границата помеѓу Белгија и Луксембург 13 км северно од Мартеланж. Западно од Еш сир Зауер се влева во вештачкото езеро - Горно езеро Зауер. По своето течение низ Етелбрек и Дикирх, реката Зауер ја прави границата помеѓу Луксембург и Германија. Во последните 50 км од својот ток, минува низ Ехтернах пред влевањето во реката Мозел во Васербилиг.
Должината на токот изнесува 137 км. Притоки на Зауер се Вилц, Ур, Прим, Алзет, Бел Ернц и Црн Ернц.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Информации за реката Архивирано на 3 февруари 2013 г.
|