Завеса, стомна и сад со овошје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Завеса, стомна и сад со овошје
Rideau, Cruchon et Compotier
Творец Пол Сезан
Година 1893-1894
Димензии 59 см × 71,6 см

Завеса, стомна и сад со овошје (француски: Rideau, Cruchon et Compotier) – слика од францускиот постимпресионистички сликар Пол Сезан околу 1893 или 1894 година.

Сезан бил славен по своите слики на мртва природа кои изразуваат сложени емоции додека во исто време се темелени на внимателно набљудување на стварноста. Сликите од овој вид ќе доведат до нови модерни уметнички движења во почетокот на 20 век, како што е кубизмот. [1].

Сликата ја поседувале низа трговци со уметнички дела (Амброаз Волар, Корнелис Хугендијк, Паул Розенберг и Алберт Барнс) за конечно да заврши во британската галерија Карол Карстерс. На 10 мај 1999 година, сликата била продадена на аукција на куќата Сотби во Њујорк за 60,5 милиони долари, со што влегла во списокот на најскапи слики. Стив Вин, кој учествувал на аукцијата, приватно ја откупил сликата неколку месеци подоцна од неутврден продавач, веројатно за помала цена. Кенет Грифин ја откупил од Вил во 2004 година[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ulrike Becks-Malorny, Paul Cézanne, 1839-1906: Pioneer of Modernism, Koln, 2001., str. 67. ISBN 3-8228-5642-8
  2. ARTnews: Cohen Buys Two Works from Wynn in $120M Deal Пристапено 1 октомври 2016.