Кошница со јаболка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кошница со јаболка
Le panier de pommes
Творец Пол Сезан
Година 1895
Димензии 65 см × 80 см
Место Уметнички институт Чикаго, Чикаго

Кошница со јаболка – слика мртва природа масло на платно од францускиот сликар Пол Сезан. Мртвата природа прикажува маса на која се наоѓаат кошница со јаболка, шише вино и колачи во чинија.

Делото е познато по својата неповрзана перспектива и е опишано како урамнотежен систем заради своите неурамнотежени делови [1] (навалено шише и кошница со јаболка, скратена линија на колачите во чинијата како и линијата на чаршафот на масата). [1] Исто така, десната страна на масата не е во иста рамнина со левата како сликата истовремено да рефлектира две гледишта.[2]

Уметничка дела како ова помогнале во создавање мост меѓу импресионизмот и кубизмот.[2]

„Кошницата со јаболка“ денес се наоѓа во Уметничкиот институт Чикаго.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Meyer Schapiro, Cezanne, New York: Harry N. Abrams, Inc, 96. str., ISBN 0-8109-1043-8.
  2. 2,0 2,1 „Paul Cézanne: The Basket of Apples“. Архивирано од изворникот на 2013-01-22. Посетено на 2020-10-15.