Куќа во Прованса (Сезан)
Творец | Пол Сезан |
---|---|
Година | 1885 |
Вид | масло на платно |
Димензии | 65 см × 81 см |
Место | Музеј на уметноста Индијанополис, Индијанополис, Индијана |
Куќа во Прованса – слика, масло на платно, од францускиот сликар Пол Сезан. Било создадено во 1885 година и денес е дел од постојаната збирка на Музејот на уметноста Индијанополис.
Опис
[уреди | уреди извор]Со пригушени тонови и меки бои, Сезан насликал дом, нагласен со сиво-сини планини во заднина, меко зелено на ридовите и кафеави тонови од полињата. Динамичниот стил на Сезан може најдобро да се види на оваа слика одблизу. Потезите на четката се сечат на динамичен начин, создавајќи мешавина. Потезите на четката создаваат живо движење во тврдите линии што тој ги создава за да ги разграничи куќата и планината.[1]
Историски податоци
[уреди | уреди извор]Куќа во Прованса произлегува од Сезановиот „зрел стил“, кога живеел во Прованса со неговото семејство, во крајот каде тој живеел и во младоста. Овој пејзаж е земен од јужната страна на Мон Сент Виктоар, кој бил омилена тема на уметникот.[2] Сезан не го делел истиот интерес со останатите импресионисти, тој ја сосредоточувал својата работа на основната структура на неговите субјекти.
Сопствеништво
[уреди | уреди извор]Куќа во Прованса веројатно била купена од уметникот Амброаз Волар. Во 1910 година му била продадена на Анри Бернштајн, а во 1918 на Готлиб Ребер. На Мари Хариман ѝ била продадена во 1936 година. Во 1945 година, делото го купила Каролин Мармон Феслер за Уметничкиот институт Џон Херон, денес Музеј на уметноста Индијанополис, во спомен на Даниел и Елизабет Мармон.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „House in Provence Catalog Entry“. Indianapolis Museum of Art. Архивирано од изворникот на 2013-02-26.
- ↑ Pioch, Nicolas (19 September 2002). „Cezanne and Sainte-Victoire“. WebMuseum.
- ↑ „House in Provence Provenance“. Indianapolis Museum of Art. Архивирано од изворникот на 2013-02-26.
|