Куќата на обесениот човек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќата на обесениот човек
Творец Пол Сезан
Година 1873
Димензии 55 см × 66 см
Место Музеј Орсе, Париз

Куќата на обесениот човек (француски: La maison du pendu, Auvers-sur-Oise) е слика работена во маслена техника на платно од 1873 година на Пол Сезан. Сликата е изложена во Музеј Орсе во Париз.

„Куќата на обесениот човек“ била претставена на првата изложба на импресионистите во 1874 година и беше првата слика што Сезан ја продал на колекционер. Селото прикажано на сликата е Овер сир Оаз, 27 км северно од Париз.


Ова дело спаѓа во пораните творби на Сезан, каде што силните бои и цврстата композиција од подоцнежната негова фаза, овде се заменети со полесни линии и потези, прозрачна светлина и композиција која е блиска до импресионистичката светлосна материјалност и реалност[1].


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „La maison du pendu, Auvers-sur-Oise“. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 2021-08-13.