Три капачки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Три капачки - (француски: Trois Baigneuses) слика од Пол Сезан, создаена во периодот помеѓу 1879-1882 година, денес е во Пти Пале во Париз.

Опис[уреди | уреди извор]

На сликата се прикажани три жени кои се капат, врамени во лак формиран од две дрвја. Насликана во постимпресионистички манир во формален поглед но во суштина, сликата ги носи одликите на зрелиот Сезан, во која покрај со кратки тешки потези и силни бои, како сликарската точност и суптилност композициски и концептуално тој ја задржал својата поединечна и оригинална ликовна постапка која била предвесник на современото светско сликарство.

Делото било сопственост на неговиот колега, сликарот Анри Матис кој го добил преку Амбрoаз Волар во 1899 година, а подоцна го донирал на „Пти Пале“ во 1936 година. [1].

Наводи[уреди | уреди извор]