Живот со стрикото (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Живот со стрикото (хрватски: Život sa stricem) е југословенски филм од 1988 година, во режија на Крсто Папиќ, а според сценариото на Иван Аралица, кое е засновано врз неговата новела „Рамка за омраза“ (Okvir za mržnju). Главните улоги ги толкуваат: Давор Јањиќ, Алма Прица, Миодраг Кривокапиќ, Фабијан Шоваговиќ, Бранислав Лечиќ, Аница Добра, Иво Грегуревиќ, Филип Шоваговиќ, Ненад Срделиќ, Илија Зовко, Перица Мартиновиќ итн.. Филмот е снимен во боја, со моно-звук и трае 116 минути. Премиерата на филмот била на 7 април 1988 година. Во 1990 година, филмот бил номиниран за наградата Златен глобус за најдобар странски филм. Крсто Папиќ бил номиниран за најдобра режија на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго, во 1988 година. Истата година, на Светскиот филмски фестивал во Монтреал, Давор Јањиќ ја добил наградата за најдобар актер, а Крсто Папиќ ја добил наградата FIPRESCI.

Содржина[уреди | уреди извор]

Мартин Кујунџуќ (го игра Давор Јањиќ) е писател на педесетгодишна возраст. Одненадеж, него го посетува стрико му Стјепан Кујунџиќ (го игра Миодраг Кривокапиќ), кого не го видел веќе 30 години. Стјепан е тешко болен и го замолува вникот Мартин да му организира достоен погреб во присуство на свештеник. Тогаш, Мартин започнува да се сеќава на тешкиот живот по Втората светска војна.

Двајцата се разделиле во 1951 година, кога Мартин учел во учителската школа во Истра. Еднаш, Мартин напишал писмена задача во која изразил сомневање во врска со колективизацијата, а струко му го пријавил кај власта. Во тоа време, стрико му бил висок функционер на Комунистичката партија на Југославија, а Мартин живеел тежок и сиромашен живот. Подоцна, Мартин случајно бил ранет во препоните, неговата бремена жена го оставила и избегала во Трст, а оттаму во Австралија, каде го родила синот Џон...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

IMDb