Жани Котески

Од Википедија — слободната енциклопедија


Жани Котески
Животописни податоци
Роден(а)24 август 1965(1965-08-24)(58 г.)
Прилеп, СР Македонија, СФРЈ
ПотеклоМакедонија
Жанровинародна музика, поп-фолк музика
Занимањапејач
Период на активност1993 - 1998

Жани Котески (р. 24 август 1965 во Прилеп) — македонски пејач.

Животопис[уреди | уреди извор]

  • Основно и средно образование завршува во Битола а студии завршува во Охрид на Факултетот за Туризам и Угостителство во Октомври 1989 година.
  • Во својата работна кариера, работи повеќе професии и занимања во областа на економијата, додека во областа на музиката, работи интерпретација, музика и текст.
  • Како изведувач на народни и фолк песни, се појавува на Македонската музичка сцена 1993 година. Настапува на многубројни концерти и манифестации низ Македонија. Во 1996 година, настапува на Фестивалот "Тримери 96", а својот прв и единствен албум го издава 1997 година, во издание на Музичката и касетна продукција на МРТ, при што овој албум односно издание на касета МП 21243 СТЕРЕО, според мислењето на СОКОМ - Сојуз на композиторите на Македонија, е ослободено од данок, а заради интересот на државата во негувањето на изворниот македонски мелос кој е зачуван во поголем број од песните.
  • Неговата краткотрајна но плодна музичка кариера, завршува кон крајот на 1998 година.


Песни[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Лилјана 1993 Студио "Микс"
Кажи мајко ти 1994 Студио "Микс"
Симона 1995 Студио "Микс"
Помогни ми мили боже 1996 Студио "Микс"
Дај ми моме од виното 1996 МРТ продукција
Ти си ми се 1997 Студио-Ванчо Милошевски
Судбата што ми дарува 1997 Студио-Ванчо Милошевски
Дај ми боже сила небесна 1997 Студио-Ванчо Милошевски

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Жани Котески на YouTube

Наводи[уреди | уреди извор]