Жана Каролин Виолет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жана Каролин Виолет
Роден/а1 февруари 1870
Париз, Франција
Починат/а26 јуни 1951
Мајен), Франција
Јазикфранцуски
НационалностФранцузинка

Жана Каролин Виолет (француски: Jeanne Caroline Violet, родена на 1 февруари 1870 во Париз - починала на 26 јуни 1951 во Мајен) — француска писателка на дела во жанрот љубовен роман и патепис.

Биографија[уреди | уреди извор]

Жана Каролин Виолет е родена на 1 февруари 1870 година во Париз, Франција.

Била мажена за Едгар-Етјен Дисап (1875-1950), кој бил конзул на Франција во Атина. Таа била заедно со него во градот Јанина (кој во тоа време бил турски), кога бил опколен од Грците во 1912-1913 година. Нивната улога за поддршката на грчкото население на градот во овие тешки околности имало голем успех. Страдањата од тоа време ги опишала во „La ville assiègée, Jannina“.

Во следниот период, нејзиниот сопруг бил префрлен за работа во Сиднеј, а патувањето до таму во Пацификот и доживувањата на писателката се опишани во нејзиниот патепис „Escales océaniennes“ од 1935 година.

Жана Каролин Виолет починала на 26 јуни 1951 во Мајен, Франција, каде каде живеела во последните десетина години од својот живот. Во градот Јанина има улица на нејзиното име.

Дела[уреди | уреди извор]

Самостојни романи[уреди | уреди извор]

  • Ma conscience en robe rose (1895)
  • Fiancée d'Avril (1898)
  • Le Château de la vieillesse (1900)
  • Les ruines en fleurs (1901)
  • Mon ami l'oiseau bleu (1901)
  • Âmes féminines (1902)
  • Sphinx blanc (1903)
  • L'Aventure d'Huguette (1904)
  • Le Théâtre de la primevère (1904)
  • Le baiser au clair de lune (1908)
  • La folle histoire de Fridoline (1908)
  • Collection des romans honnêtes (1909)
  • Malencontre (1910)
  • La Passagère (1911)
  • Le Hasard et l'amour (1911)
  • La ville assiègée, Jannina (1912)
  • Mariage de raison (1918)
  • L'Inconnue bien-aimée... (1925)
  • Le Magicien (1927)
  • Le Cœur désire... (1931)
  • Comédie nuptiale... (1932)
  • Escales océaniennes (1935)
  • Eux et nous sur un bateau (1936)
  • Mes souvenirs de Bali (1938)

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • 1918 La passaggera - по истоимениот роман
  • 1920 Malencontre - по романот „Malencontre“
  • 1949 La passagère - по истоимениот роман
  • 1952 La de los ojos color del tiempo
  • 1993 Lil, la de los ojos color del tiempo – ТВ филм

Надворешни врски[уреди | уреди извор]