Епископско Кнежевство Вирцбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Епископско Кнежевство Вирцбург
Fürstbistum Würzburg
Држава на Светото Римско Царство
Frankenrechen.svg
1168 – 1803


Грб

Збратимените епископски кнежевства Вирцбург и Бамберг
Главен град Вирцбург
Јазици источнофранконски
Вероисповед римокатолици
Уредување изборно кнежевство
Епископски кнез
 -  743–55
    (основач)
 
Св. Бурхард I
 -  1165–70
    (прв епископски кнез)
 
Херолд фон Хохајм
 -  1795–1808
    (епископски кнез до 1803 г.)
 
Георг Карл фон Фехенбах
Историски период среден век
 -  основање на епископијата 743
 -  издигната на епископско кнежевство 1168
 -  епископските кнезови
станале војводи во Франконија
 
1441
 -  верски кнез
на Франконскиот округ
 
1500
 -  секуларизирано и
припоено од Баварија
25 февруари 1803 1803
 -  предадено на Фердинанд и
издигнато во големо војводство
30 септември 1806

Епископско Кнежевство Вирцбург (германски: Hochstift Würzburg) — верска држава во Светото Римско Царство, сместена во Долна Франконија, западно од Епископското Кнежевство Бамберг. Вирцбург претставувал епископија од 743 година. Како што конечно одредено со конкордат од 1448 година, епископите во Германија биле одбирани од собир во катедралите и нивниот избор подоцна бил потврдуван од папата. По традиција во Германија, епископските кнезови на Вирцбург биле често избирани и на други верски кнежевства.[1] Последните неколку епископски кнезови престојувале во Вирцбуршкиот дворец, што е еден од најголемите барокни дворци во Европа.

Како последица на Линевилскиот мир од 1801 година, Вирцбург, заедно со другите верски држави во Германија, бил секуларизиран во 1803 година и припоен кон Изборното Кнежевство Баварија. Во истата година, на Фердинанд III, поранешен голем војвода на Тоскана, му било предадено Изборното кнежевство Салцбург. Со Пресбуршкиот мир од 1805 година, Фердинанд го загубил Салцбург од Австриското Царство, но му било предадено за возврат новото Големо Војводство Вирцбург, кое Баварија го предало за Тирол. Оваа нова држава траела до 1814 година, кога повторно била припоена од Баварија.

Римокатоличката Вирцбуршка епископија била повторно основана во 1821 година без световна моќ.

Војвода на Франконија[уреди | уреди извор]

Епископот Фридрих Карл фон Шенборн влегува во новиот дворец, сè уште во изградба

Во 1115 година, Хајнрих V ја доделил територијата на Источна Франконија (Ostfranken) на неговиот внук Конрад III, кој ја користел титулата „војвода на Франконија“. Франконија останала под водство на династијата Хоенштауфен до 1168 година, кога епископот на Вирцбург формално ги презел војводските права во Источна Франконија. Името Франконија излегло од употреба, но епископот ја обновил во своја корист во 1442 година и ја задржал, додека со реформите на Наполеон Бонапарт не било укинато.

Грб[уреди | уреди извор]

Првичниот грб го покажувал грбот „Rennfähnlein“.

Во XIV век бил создаден друг грб. Грбот го прикажува холизмот на рајот и земјата. Трите бели бајонети го претставуваат тројството на Господ, а четирите црвени бајонети, насочени кон земјата, стојат за четирите точки на компасот, претставувајќи ја целата широчина на земјата. Црвената боја ја претставува бојата на Исус Христос.

Епископските кнезови го користел овој грб, заедно со нивниот личен грб. Личниот грб претежно го претставувал семејниот грб на епископот.

Епископи на Вирцбург, 743–1808[уреди | уреди извор]

Епископски кнез Рудолф фон Шеренберг
Епископски кнез Лоренц фон Бибра
Епископски кнез Јохан Филип фон Шенборн
Фридрих Карл фон Шенборн (1674-1746), епископ на Бамберг и Вирцбург, заменик канцелар на Светото Римско Царство

Во 741 или 742 година, првиот епископ на Вирцбург бил хиротонисан од Свети Бонифациј.

  • Бурхард Вирцбуршки 743 (или 746)–755
  • Мегингауд Вирцбуршки 755–769
  • Беровелф 769–800
  • Лиутрит 800–803
  • Егилварт 803–810
  • Волфгар 810–832
  • Хунберт 833–842
  • Гозбалд 842–855
  • Арн Вирцбуршки 855–892
  • Рудолф I 892–908
  • Теодо фон Хенеберг 908–931
  • Бурхард II 932–941
  • Попо I 941–961
  • Попо II 961–983
  • Хуго фон Ротенбург 983–990
  • Бернвард фон Ротенбург 990–995
  • Хајнрих I фон Ротенбург 995–1018
  • Мајнхард I фон Ротенбург 1018–1034
  • Бруно Вирцбуршки 1034–1045
  • Адалберо Вирцбуршки 1045–1085
  • Мајнхард II фон Ротенбург 1085–1088
  • Ајнхард фон Ротенбург 1089–1105
  • Руперт фон Тундорф 1105–1106
  • Ерлунг фон Калв 1106–1121
  • Гебхард фон Хенеберг 1122–1127
  • Рудигер фон Фајхинген 1122–1125
  • Емихо фон Лајнинген 1125–1146
  • Зигфрид фон Труендинген 1146–1150
  • Гебхард фон Хенеберг 1150–1159
  • Хајнрих II фон Штулинген 1159–1165
  • Херолд фон Хохајм 1165–1170
  • Регинхард фон Абенберг 1171–1186
  • Готфрид I фон Шпиценберг-Хелфенштајн 1186–1190
  • Филип Швапски 1190–1191
  • Хајнрих III 1191–1197
  • Готфрид II фон Хоенлое 1197
  • Конрад фон Кверфурт 1197–1202
  • Хајнрих IV фон Кацбург 1202–1207
  • Ото фон Лобдебург 1207–1223
  • Дитрих фон Хомбург 1223–1225
  • Херман I фон Лобдебург 1225–1254
  • Иринг фон Рајнштајн-Хомбург 1254–1266
  • Хајнрих V фон Лајнинген 1254–1255
  • Попо III фон Тримберг 1267–1271
  • Бертолд I фон Хенеберг 1271–1274
  • Бертолд II фон Штернберг 1274–1287
  • Манголд фон Нојенбург 1287–1303 (епископ на Бамберг 1285)
  • Андреас фон Гунделфинген 1303–1313
  • Готфрид III фон Хоенлое 1313–1322
  • Фридрих фон Штолберг 1313–1317
  • Волфрам Волфскел фон Грумбах 1322–1332
  • Херман II Хумел фон Лихтенберг 1333–1335
  • Ото II фон Волфскел 1335–1345
  • Албрехт I фон Хоенберг 1345–1349
  • Албрехт II фон Хоенлое 1350–1372
  • Герхард фон Шварцбург 1372–1400
  • Албрехт III фон Кацбург 1372–1376
  • Јохан I фон Еглофштајн 1400–1411
  • Јохан II фон Брун 1411–1440
  • Зигмунд од Саксонија 1440–1443
  • Готфрид I фон Лимпург 1443–1455
  • Јохан III фон Грумбах 1455–1466
  • Рудолф фон Шеренберг 1466–1495
  • Лоренц фон Бибра 1495–1519
  • Конрад фон Тинген 1519–1540
  • Конрад фон Бибра 1540–1544
  • Мелхиор Цобел фон Гибелштат 1544–1558
  • Фридрих фон Вирсберг 1558–1573
  • Јулиј Ехтер фон Мешпелбрун 1573–1617
  • Јохан Готфрид фон Ашхаузен 1617–1622 (епископ на Бамберг 1609–1622)
  • Филип Адолф фон Еренберг 1622–1631
  • Франц фон Хацфелд 1631–1642 (епископ на Бамберг 1633–1642)
  • Јохан Филип фон Шенборн 1642–1673
  • Јохан Хартман фон Розенбах 1673–1675
  • Петер Филип фон Дернбах 1675–1683
  • Конрад Вилхелм фон Вернау 1683–1684
  • Јохан Готфрид II фон Гутенберг 1684–1698
  • Јохан Филип фон Грајфенклау цу Фолратс 1699–1719
  • Јохан Филип Франц фон Шенборн 1719–1725
  • Кристоф Франц фон Хутен 1724–1729
  • Фридрих Карл фон Шенборн 1729–1746 (епископ на Бамберг)
  • Анселм Франц фон Ингелхајм 1746–1749
  • Карл Филип фон Грајфенклау цу Фолратс 1749–1754
  • Адам Фридрих фон Зајнсхајм 1755–1779 (епископ на Бамберг 1757–1779)
  • Франц Лудвиг фон Ертал 1779–1795 (епископ на Бамберг)
  • Георг Карл Игнац фон Фехенбах цу Лауденбах 1795–1808

Секуларната моќ ја загубиле во 1803 година. Територијата припаднала на Баварија до 1805 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. На пример, Јохан Франц Шенхорн бил прв избран епископски кнез на Вирцбург во 1642 година, подоцна изборен кнез на Мајнц во 1647 година и на крај епископски кнез на Вормс во 1663 година.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Peter Kolb und Ernst-Günther Krenig (Hrsg.): Unterfränkische Geschichte. Würzburg 1989.
  • Alfred Wendehorst: Das Bistum Würzburg Teil 1: Die Bischofsreihe bis 1254. Germania Sacra, NF 1: Die Bistümer der Kirchenprovinz Mainz, Berlin 1962.
  • Alfred Wendehorst: Das Bistum Würzburg Teil 2 - Die Bischofsreihe von 1254 bis 1455. In: Max-Planck-Institut für Geschichte (Hg.): Germania Sacra - Neue Folge 4 - Die Bistümer der Kirchenprovinz Mainz. Berlin 1969. ISBN 978-3-11-001291-0.
  • Alfred Wendehorst: Das Bistum Würzburg Teil 3: Die Bischofsreihe von 1455 bis 1617. Germania Sacra, NF 13: Die Bistümer der Kirchenprovinz Mainz, Berlin/New York 1978.
  • Alfred Wendehorst: Das Bistum Würzburg 1803-1957. Würzburg 1965.
  • Wissenschaftliche Vereinigung für den Deutschen Orden e.V. und Historische Deutschorden-Compaigne zu Mergentheim 1760 e.V. (Hrsg.): 1300 Jahre Würzburg - Zeichen der Geschichte, Bilder und Siegel der Bischöfe von Würzburg. Heft 23. Lauda-Königshofen 2004.