Прејди на содржината

Емил Ниами

Од Википедија — слободната енциклопедија
Емил Ниами
Роден 30 април 1977
Скопје, Македонија

Емил Ниами (30 април 1977, Скопје) — еден од најмладите истражувачи и афирматори на рускиот јазик во Република Македонија. Toj e доктор по филолошки науки, лектор на филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, Москва.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Средно училиште завршил во Скопје во 1995 година и истата година се запишал на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на групата за руски јазик и книжевност. Дипломирал во 1999 година. По дипломирањето започнал да работи како преведувач во редакцијата за обработка на странска програма на А1 Телевизија. По извесен период преминл во редакцијата за промоција на програма, а во исто време бил и автор на неколку телевизиски програми, како што се емисијата за деца „Моето ТВ катче“, научно-популарната емисија „П.С.“, емисијата за тинејџери „Тинклуб“ и неколку други емисии од различен карактер. Во меѓувреме активно се занимава со преведувањето и тоа како од руски, така и од англиски и од италијански јазик. Во 2004 година, во дневниот весник „Време“ почнал да ја води рубриката за тинејџери, а во 2005 година започнал да работи и во неделникот „Ланова“ како член на редакцијата. Истата година ѝ се придружува и на редакцијата на неделниот магазин за деца и млади „Оправдано присутни“. Кон крајот на 2005 година, со започнување на месечникот „Бебе магазин“, бил ангажиран и како стручен консултант од областа на јазикот, со статии за лингвистичките, ортоепските проблеми и логопедијата. За сето тоа време им преведено голем број играни и сериски филмови, документарна програма, вести, како и голем број симултани и консекутивни преводи.

Во 2007 година ја одбранил магистерската теза „Паронимите во македонскиот во споредба со рускиот јазик“ (ментор д-р Красимира Илиевска). Неговите научни интереси се насочени кон лексикологијата, лексикографијата и контрастивната анализа.

Библиографија на научната и стручна работа

[уреди | уреди извор]

I Список на трудови

[уреди | уреди извор]
  1. Речник на паронимите на македонскиот јазик, Скопје, 2008 (во печат)
  2. Транскрипция иноязычных имён и названий в македонском и в русском языках, зборник од научната конференција Кириллица: от возникновения до наших дней, Российская академия госслужбы при Президенте Российской Федерации, Москва, 2007
  3. За толковниот речник на рускиот јазик од Наталија Јуљевна Шведова, Филолошки студии, Перм – Скопје – Загреб – Љубљана, 2008
  4. Македонский язык в интернете, Международный научный симпозиум „Славянские языки и культуры в современном мире„, Москва, 2009
  5. Проблемите со транскрипцијата и/или транслитерацијата при преведувањето од руски на македонски јазик, Македонски јазик, Скопје, 2009
  6. Рускиот јазик во Интернетот, Славистички студии, Скопје, 2009

II Преводи

[уреди | уреди извор]
  1. Градоначалникот и за него од Јуриј Лужков и Михаил Шчербаченко, Ѓурѓа, Скопје, 2005
  2. Раскази од А. П. Чехов на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2005
  3. Едиција Приказни од целиот свет составена од 26 аудио цедиња, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2005
  4. Раскази од Л. Н. Толстој на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
  5. Доктор Офболи од К. Чуковски на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
  6. Грдото пајче од Х. К. Андерсен на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
  7. Пинокио од К. Колоди на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
  8. Срце од Едмондо Де Амичис на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
  9. Приказни по телефон од Џ. Родари на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
  10. Снежана и седумте џуџиња од браќата Грим на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
  11. Двојната Лота од Е. Кестнер на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006
  12. 20.000 милји под морето од Жил Верн на аудио цеде, Д.О.О. Времетрејд, Скопје, 2006

III Проекти

[уреди | уреди извор]

Како дел од неговите работни задачи беше и координатор на проектот на А1 Телевизија и дневниот весник „Време“ за унапредување на руско-македонските односи. Притоа во 2004 година во библиотеката за странска литература „М. И. Рудомино“ во Москва беше поставена бистата на Марко Цепенков. Во декември 2004 година беше коорганизатор од македонска страна на изложбата на репродукции од Казимир Малевич и изложбата посветена на руските декабристи.

Во 2005 година беше координатор од македонска страна за изданието на книгата „Македонија во очите на Русите“. Негов последен телевизиски проект е документарниот филм посветен на животот и делото на академик Р. П. Усикова.

Контакти: Катедра за словенска филологиjа на филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет «М.В.Ломоносов», 119991, ГСП-1, Москва, Ленинские горы, МГУ им. М.В. Ломоносова, 1-ый корпус гуманитарных факультетов, филологический факультет; http://www.philol.msu.ru/~slavphil/staff.html

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА“. Град Скопје. 1 ноември 2021. Посетено на 2 ноември 2021.