Красимира Илиевска
Красимира Илиевска (родена на 1 април 1950 во Скопје) е еден од најактивните истражувачи и афирматори на рускиот јазик во Република Македонија. Редовен професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, при катедрата за Славистика.
Животопис
[уреди | уреди извор]Предмет на научни истражувања: историја на јазикот, историска ономастика, средновековна правна литература, јазици во контакт, меѓујазична интерференција, методика на наставата, формирање на говорниот израз кај малите деца, прашања од областа на руската граматика и лексикологија. Магистерска теза „Топонимите во Македонија во XIII и XIV в. според хрисовулите на Горг Скопски", а докторска теза „Мазуринската крмчија“. Автор е на околу сто статии во списанија и зборници. Преведува и препејува од руски на македонски јазик.
Поважни трудови
[уреди | уреди извор]- А. С. Грибоедов, Од многу ум (препев), Скопје, 1974
- Во очекување на „големиот живот, Скопје, 1998
- Мазуринска крмчија, јазична анализа, Стари текстови, VI, Скопје, 1999
- Мазуринская кормчая, памятник межславянских културних связей XIV - XVI вв., издание приготовили: Е. Белякова, К. Илиевска, О. Князевская, Е. Соколова, И. Старостина, Я. Шчапов (редактор), Москва, 2002, 853 + 24 стр.
- Законъ соуднъи людьмъ, МАНУ, Скопје, 2004