Елмаз Докле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 19 август 1939
Борје, Кукс,  Албанија
Починал 9 декември 2016
Занимање публицист

Елмаз Докле (19 август 1939, Борје, Кукс, Албанија - 9 декември 2016) — албански публицист, еден од најголемите активисти и борци за правата на Македонците во Албанија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Докле е роден на 19 август 1939 година во горанското село Борје, Албанија, каде завршил основно училиште. Од 1968 година до 1998 година работел како раководител на катастарот во областа во Кукуш (Кукс). Живеел во Борје, Драч и Кукуш. Во 2010 година ја објавил книгата “Борје и Борјани” монографија која била многу добро прифатена од страна на јавноста. Потоа ја објавил монографија „Стариот Кукс”, а зад себе оставил многу други дела во ракопис за областа Гора и Македонците од оваа област. Покрај неговата публицисктичка дејност Елмаз Докле, бил еден од основачите на македонското друштво „Гора“,кое се грижи за заштита на националниот идентитет, култура и историја на Македонците во оваа област, која опфаќа девет села распослани во северниот дел на Албанија. Починал на 9 декември 2016 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]