Егзотермна реакција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Силна егзотермна реакција при согорување на етанол. Опит изведен на Институтот за хемија во ПМФ, Скопје.

Егзотермна реакција (од грчки eгзо- - надвор и термос - загрева) е хемиска реакција при чиешто течење се ослободува топлина:

реактантипроизводи + енергија (во вид на топлина)

Се однесува на трансформацијата при којашто еден систем оддава топлина на околната средина: Q < 0. Кога трансформацијата се случува на константен притисок: ∆H < 0 и константен волумен, тогаш ∆U < 0. Доколку системот подлежи на трансформација која е и егзотермна и адијабатска, неговата температура се зголемува.

Поврзано[уреди | уреди извор]