Д. Б. Купер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
D. B. Cooper
F.B.I. слика од Д. Б. Купер
Други имиња Ден Куперr
Занимање Непознато
Познат(а) по Ограбување на Боинг 727 на 24 ноември, 1971 и фрлање со падобран од авион во лет

Д. Б. Купер е името на неидентификуваниот човек кој го ограби авионот Боинг 727. Тој на 24 ноември 1971 година откако го ограбил авионот и го добил бараниот откуп од 200 000 долари, скокнал од авионот со падобран додека летал над Пацификот. Оттогаш никој повеќе не го видел. Стотици осомничени биле пронајдени до сега, но сеуште не се знае точно кој бил Купер, или каде живеел. FBI верува дека тој не го преживеал скокот и дека умрел. Некои луѓе се обиделе да објаснат што се случило после скокот.

Во февруари 1980 година осумгодишниот Брајан нашол 5800 долари во навлажнети банкноти од по 20 долари исфрлени на брегот на реката Колумбија. Сериските броеви се совпаѓале со тие на парите со кои што бил платен долгот, обележани со цел подоцна полесно да му се влезе во трага на Купер.

Во октомври 2007 FBI изјавиле дека можат да ја откријат ДНК-та на Купер поради краватата која ја оставил во авионот.

Купер избегал скокајќи со падобран од задниот отвор на авионот, што ги навело властите од авијацијата да воведат построги мерки при дизајнирањето на леталата за да се спречи истото да се повтори. Исто така, овој случај било причината поради која што за првпат биле инсталирани детектори за метал по аеродромите.