Душко Марковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Душко Марковиќ
Душко Марковић
Duško Marković.jpg
Марковиќ во октомври 2019
Пратеник во парламентот на Црна Гора
На должноста
Стапил
23 септември 2020
Претседател Алекса Бечиќ
Премиер на Црна Гора
На должноста
28 ноември 2016 – 4 декември 2020
Претседател Фиилип Вујановиќ
Мило Ѓукановиќ
Претходник Мило Ѓукановиќ
Наследник Здравко Кривокапиќ
Заменик премиер на Црна Гора
На должноста
29 декември 2010 – 28 ноември 2016
Премиер Игор Лушиќ
Мило Ѓукановиќ
Претходник Игор Лушиќ
Наследник Зоран Пажин
Министер за правда
На должноста
29 декември 2010 – 12 мај 2016
Премиер Игор Лушиќ
Мило Ѓукановиќ
Претходник Мираш Радовиќ
Наследник Зоран Пажин
Директор на Агенцијата за државна безбедност
На должноста
5 мај 2005 – 29 декември 2010
Премиер Мило Ѓукановиќ
Жељко Штрауновиќ
Претходник функцијата е воспоставена
Наследник Владан Јоковиќ
Лични податоци
Роден(а) 6 јули 1958 (1958-07-06) (63 г.)
Мојковац, СР Црна Гора, СФРЈ
Националност црногорец
Партија Демократска партија на социјалистите
Установа Универзитет во Крагујевац

Душко Марковиќ (српскохрватски: Душко Марковић; роден на 6 јули 1958) — црногорски политичар кој бил премиер од 2016 до 2020 година.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Марковиќ е роден на 6 јули 1958 година во Мојковац, Југославија. Основно и средно училиште завршил во Мојковац, а дипломирал правни науки на Универзитетот во Крагуевац.[2] Откако завршил во Крагуевац, започнал да работи како правен консултант во рудникот Брсково во Мојковац.[3] Тој е оженет и има три деца.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Во 1986 година, Марковиќ бил назначен за секретар на општинското собрание на Мојковац, а за градоначалник во 1989 година.[3] Тој ја напуштил функцијата во 1991 година за да биде назначен за генерален секретар на црногорската влада предводена од Мило Ѓукановиќ во рамките на Југославија. Во 1997 година, тој бил избран во Собранието на Црна Гора, а следната година стана помошник министер за внатрешни работи, одговорен за Службата за државна безбедност.

За време на неговото работење во Службата за државна безбедност, главниот уредник на дневниот весник Дан, Душко Јовановиќ, бил убиен на 27 мај 2004 година. Во 2014 година, Марковиќ бил тужен за прикривање на информации што можеби ќе ги откриле убијците на Јовановиќ.[4] Сопругата на Јовановиќ сведочела пред судот дека Марковиќ се заканил дека ќе го убие Јовановиќ за време на телефонски повик во април 2003 година, истиот месец кога била запалена канцеларијата во Дан.[5]

Во 2005 година, по основањето на новата агенција за национална безбедност (АНБ) во мај истата година, Марковиќ бил назначен од Парламентот за претседател на агенцијата, позиција што ја извршувал до 2010 година.[3] Во 2010 година, владата на Игор Лукшиќ го назначила прво за министер без ресор, а потоа за заменик-премиер и министер за правда. Во март 2012 година, тој бил назначен за министер за човекови и малцински права. Тој ја напушти владата во 2015 година и истата година конгресот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) го избрала за заменик претседател на партијата. Во 2016 година, тој повторно бил назначен за министер за правда во привремената влада.

На 25 октомври 2016 година, десет дена по парламентарните избори, бирото на ДПС го избрало Марковиќ да го замени Мило Ѓукановиќ за премиер.[6] Неговата номинација била осудена од опозицијата, која го обвинила Марковиќ за вмешаност во корупциски скандали и за изоставување на информации во истрагата за убиството на Душко Јовановиќ во 2004 година.[7]

Премиер[уреди | уреди извор]

Марковиќ со потпретседателот на САД Мајк Пенс, Подгорица, 1 август 2017 година

На 9 ноември 2016 година, Марковиќ бил номиниран за премиер од претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.[8] На 28 ноември бил избран со 41 од 81 пратеници на парламентот (опозицијата ја бојкотирала работата на собранието), со поддршка на партиите на албанското, хрватското и бошњачкото малцинство.[9]

На 25 мај 2017 година, Марковиќ се нашол на насловните страници низ целиот свет кога претседателот САД Доналд Трамп брутално го турна настрана за да се најде пред него на фото-опцијата за време на состанокот на самитот на НАТО, на кој за прв пат присуствуваше Црна Гора неколку дена пред нејзиното официјално пристапување во алијансата.[10] Подоцна Марковиќ одговорил на прашањата во врска со инцидентот со кревање раменици.[11]

На 10 октомври 2018 година, Марковиќ изразил поддршка[12] за измени и дополнувања на Законот за државните симболи и Денот на државноста, кој ќе ги казни оние кои нема да застанат за национална химна на Црна Гора со глоба до 2.000 евра.[13] Амандманот вклучувал нивоа во зависност од занимањето на субјектот, со казни за стопанственци до 6.000 евра и до 20.000 евра за оние кои работат во правниот систем.

Марковиќ со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Подгорица, 4 октомври 2019 година
"Кој не стои на химната, мора да плати казна. Никого не присилуваме да стане. И секој пат кога некој нема да застане ќе плати казна ако дознаеме дека не стоел" - Душко Марковиќ одговарајќи на новинари во Голубовциi на 10 октомври 2018.[12]

Кога еден новинар го прашал Марковиќ дали амандманите може да се спроведат, Марковиќ сугерирал дека тие може да се спроведуваат на стадионите, велејќи дека „сите ќе гледаат, секоја институција што носи знаме, секој граѓанин што ја сака оваа земја. И секако државни инспекциски агенции. Кого ќе го препознаеме на стадионот дека не стоел, ако го идентификуваме, ќе поднесеме пријава.“[12]

Протестите против корупцијата во владата предводена од Марковиќ започнале во февруари 2019 година наскоро по откривањето на снимките и документите што укажуваат на вмешаност на највисоките функционери во добивање сомнителни средства за предизборната кампања на владејачката Демократска партија на социјалистите во 2016 година.[14]

Од крајот на декември 2019 година, новопрогласениот закон за вероисповед со кој де јуре се пренесува сопственоста на црковните згради и имоти од Српската православна црква во Црна Гора во црногорската држава предизвикале низа масовни протести проследени со блокади на патиштата кои продолжиле до 2020 година.[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Murić, Darvin; Gudović, Ivana (28 November 2016). „Crna Gora dobila novu Vladu“. vijesti.me. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 3 December 2016.
  2. „Prime Minister Duško Marković - Biography“. gov.me. Посетено на 5 January 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 Ko je Duško Marković, čovjek od povjerenja Mila Đukanovića. Dnevni avaz (босански). October 27, 2016. Посетено на October 30, 2018. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Ko“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Ko“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Dušica Tomović (January 29, 2014). Montenegin Minister Sued For Concealing Murder Facts. Balkan Insight. Посетено на October 30, 2018.
  5. „Dusko Jovanovic“. Committee to Protect Journalists. Посетено на March 26, 2019.
  6. Ouest-France (26 October 2016). „Monténégro. Dusko Markovic va devenir Premier ministre“. ouest-france.fr/ (француски). Посетено на 6 December 2016.
  7. Eurasia Times (28 November 2016). „Monténégro : l'opposition ne tolère pas la candidature de Dusko Markovic“. eurasiatimes.org/ (француски). Посетено на 15 December 2016.
  8. Boursorama (9 November 2016). „Au Monténégro, un ex-chef de la police secrète Premier ministre“. boursorama.com/ (француски). Посетено на 15 December 2016.
  9. Le Courrier des Balkans (29 November 2016). „Monténégro : un nouveau gouvernement qui ne tient qu'à une voix“. courrierdesbalkans.fr/ (француски). Посетено на 6 December 2016.
  10. At NATO gathering, Trump brushes past Montenegro’s prime minister
  11. Breaking down Trump’s ‘shove’
  12. 12,0 12,1 12,2 Marković: Svako ko voli ovu zemlju će pratiti ko ne ustaje na himnu. Vijesti (српски). Архивирано од изворникот (via Wayback Machine) на October 31, 2018. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „nuh“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  13. Za neustajanje na himnu kazna do 2.000 eura. Vijesti. Архивирано од изворникот (via Wayback Machine) на October 5, 2018.
  14. Objavljen snimak: Knežević uručio kovertu Stijepoviću, Antena M
  15. „Montenegro Adopts Law on Religious Rights Amid Protests by pro-Serbs“. Voice of America (англиски). Посетено на 2020-01-05.