Прејди на содржината

Драги Сетинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драги Сетинов
Лични податоци
Полно име Драган Сетинов
Роден на 13 февруари 1961(1961-02-13)(63 г.)
Роден во Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Позиција одбрана
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1981–1982 Победа 27 (1)
1982–1986 Вардар 117 (14)
1986–1991 Хајдук Сплит 106 (3)
1991–1992 Етникос Астерас 15 (2)
Тренер на екипи
2000 Вардар
2009–2010 Вардар (технички директор)
2010–2011 Вардар (претседател)
2011–2012 Тетекс
2013 Локомотива Скопје

Драги Сетинов (Скопје, 13 февруари 1961) — поранешен македонски фудбалер и фудбалски тренер.

Во сезоната 1981/82 играл за Победа од Прилеп, за која одиграл 27 натпревари и постигнал еден гол. Во 1982 година преминува во скопски Вардар, каде останал до 1986 година. За овој клуб одиграл 117 натпревари и постигнал 14 гола. Во 1986 година преминал во сплитски Хајдук. За Хајдук одиграл 106 натпревари и го освоил последното издание на Купот на Маршал Тито во 1991 година. Во 1988 година го освоил Трофејот Били како најдобар играч избран од Слободна Далмација.[1] Во 1991 година заминал во грчкиот Етникос Астерас. Кариерата ја завршил во овој клуб во 1992 година.

Бил репрезентативец на Југославија.[2]