Драган Попоски - Дада

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Драган Попоски Дада)
Драган Попоски - Дада
Роден 23 октомври 1933
Прилеп,  Кралство Југославија
Починал 27 септември 2021
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање вајар

Драган Попоски - Дада (23 октомври 1933, Прилеп - 27 септември 2021, Скопје) — истакнат македонски вајар[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Попоски е роден во 1933 година во Прилеп, завршил академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) во Белград, во класата на проф. Јован Кратохвил. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Студиски патувања остварил во Грција, Италија, Англија, Франција, Германија, Полска и САД. Од 1965 година остварил повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври“.

Творештво[уреди | уреди извор]

Скулптурата Бескрајна вертикала од Драган Попоски-Дада, 1986, во дворот на дирекцијата на Бундесбанка во Франкфурт на Мајна

Уметничкиот развоен пат на Драган Попоски – Дада бил долг, со повеќе развојни творечки етапи. Неговите облици имаат конкретни инспиративни извори во природата и нештата што го опкружуваат, предадени се во вид на лесна стилизација, преку помалку или повеќе асоцијативни форми кои ги селектираат деталите до степен на минимализирање на нивната асоцијацијативност. Од друга страна, пак, неговите фигури се исто така суптилно стилизирани, со монументално чувство во внимателното градење на односот на масите.[2].

Драган Попоски - Дада бил доајен на македонската современа скулптура, кој дач силен белег и оставил неизбришливи траги во развојот и меѓународната афирмација ва македонската современа ликовна уметност[3],[4]

Наводи[уреди | уреди извор]