Доспат (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Доспат
Доспат
Dospat Dam Iz8.JPG
Поглед на езерото кон северозапад
Координати41°41′53″ N; 24°05′10″ E / 41.698° N; 24.086° E / 41.698; 24.086Координати: 41°41′53″ N; 24°05′10″ E / 41.698° N; 24.086° E / 41.698; 24.086
Видвештачко
Главни приливир. Доспат, р. Осинска
Главни истецир. Доспат, канали „ВиштерицаКанина“, „Бистрица“ и „Осина 3“
Слив&10000000000000432300000432,3 км2
Сливни земјиБугарија
Изградено1969
Најг. должина19 км
Најг. ширина3 км
Површина&1000000000000018300000018,3 км2
Зафатнина449.220.000 км3
Надм. височина1.200 м
Островинеколку
Населени местаСрница, Доспат

Доспат (бугарски: Доспат) — вештачко езеро на реката Доспат во Западните Родопи, Бугарија. Сместено е на надморска височина од 1.200 м и зафаќа површина од 18,3 км2 — едно од најголемите во земјата.[1]. Изградено е на истоимената река Доспат, во Пазарџичката и Смолјанската област, во непосредна близина на границата со Неврокопско, Пиринска Македонија. Во езерото се застапени крапот, пастрмката, ципалот, кострешот, црвеноперката и карашот.

Каскадата „Доспат – В’ча“ е најголемиот хидроенергетски комплекс во Бугарија. Езерото е изградено како втора акумулација по големина во земјата, и почнало да се полни во 1967 г., што траело две години.[2] Кон езерото се насочени водите од сливот на Осинска Река, благодарение на кои езерото добива дополителни 10 милиони м3 вода годишно, покачувајќи ја делотворноста на сите централи по каскадата за 10 % или 10 гигаватчаса годишно. Водата од Доспат се пренасочува кон ХЕЦ „Тешел“ и надолу по каскадата „Доспат-В’ча“.

Пред изградбата на езерото, површините под него биле плодна долина во која се сееле житни култури. Жителите на селата од целиот крај се најмувале като жетвари кога се прибирала реколтата. Со исполнувањето на долината се евакуирани селата Орлино (Бозалан/Бозилан)[3], сместено на западниот брег на реката и Брдуче (Бардакчи)[4] и делумно Крушата (Армутчук/Арнудли), сместени на источниот.

Езерото се протега во насока северозапад – југоизток, во должина од 19 км и ширина од околу 3 км, По североисточниот брег минува живописен пат меѓу градовите Срница и Доспат.

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Язовир Доспат, статия в Journey.bg
  2. Груев, Михаил; Кальонски, Алексей. Възродителният процес. Мюсюлманските общности и комунистическият режим. София: Институт за изследване на близкото минало; Фондация „Отворено общество“; Сиела. стр. 59. ISBN 978-954-280-291-4.
  3. Орлино в GeoNames
  4. Бърдуче в GeoNames

Надворешни врски[уреди | уреди извор]