В’ча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клисурата на реката В’ча при навлегувањето и во вештчкото езеро „Кричим“.

В’ча (бугарски: Въча) е река во јужна Бугарија. В’ча е една од главните десни притоки на Марица и втора по големина река во државата која извира од Родопските Планини, кај Арда. Таа се создава со спојувањето на Широколшката и Бујновска река. Вкупната должина на реката е околу 105 км.[1]

Реката В’ча не поминува во близина на индустриски претпријатија, што придонесува за чистотата на водата. По нејзиниот тек се изградени три од најживописните бугарски вештачки езера - „Кричим“, „В’ча“ и „Цанков Камен“. Тие служаат за производство на електрична енергија, наводнување на Пловдивското поле и обезбедуваат дел од водата за пиење на градот Пловдив. Ѕидот на браната „В’ча’ е највисок во Бугарија - 144,5 м.[2]

Реката ги „пресекува“ Родопите, формирајќи длабока и живописна долина, каде што се изградени двете брани. Важен град по течението на реката е Девин.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия България, т.1 А-В, Издателство на БАН, София 1978, стр. 817
  2. yazoviri.freebg.eu

Поврзано[уреди | уреди извор]