Дом на културата Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дом на културата Битола
Домот на културата во Битола
Поранешни називиЦентар за култура
Општи податоци
СтатусВо употреба
ВидЕднокатна зграда со приземје
СтилМодернизам
МестоБитола
Адреса„Широк Сокак“ бб
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′39,78″N 21°19′56.87″E / 41.01667° СГШ; 21.3324639° ИГД / 41.01667; 21.3324639
Сегашни станариНароден театар - Битола, кино и естрадна сала
Почната1975
Завршена1980
Отворена11 октомври 1980
ПоседникРепублика Македонија
Технички податоци
Катови1
Проектирање и изградба
АрхитектМарко Мушич и Александар Смилевски

Дом на културата Битола (архитектура) - Автори: Марко Мушич и Александар Смилевски , ентериер: Љубица Никољска, локација: Широк Сокак бб, Битола, година на изведба: 1976-1980, изведувач: РГО „Бетон”,финансиер: самопридонес на граѓаните на Битола[1].

Опис на проектот[уреди | уреди извор]

Домот на културата во Битола претставува интегрална целина на најразновидни програмски и просторни барања, реализиран под еден покрив, создавајќи впечаток на продолжување на средишниот градски простор и неговото содржинско збогатување.

Во барањето на оптималната концепција предложено е систем на поврзување на сите простории за публика што дава широки можности за еластично и флексибилно користење. Домот содржи две мали сали во правоаголна поставка што дава можност за заедничко и рационално користење на сценскиот простор. Големата сала е со капацитет 1000 места и има универзален карактер со примарна функција на кино и естрадна сала. Малата сала е наменета за театарски претстави и има 600 места.

Во обликувањето на објектот главен пластичен акцент на композиционата целина се покривните елементи од бакарен лим обликуван во склад со функцијата на волумените.

Динамичната пластика на покривот со присутни кружни форми во контраст со ортогонална структура на градскиот центар остварува врска со присутните форми на историските споменици.

Историја[уреди | уреди извор]

Градбата започнала на 15 март 1975 година. Изграден како „Спомен дом на културата за Првото заседание на АСНОМ". Свечено бил предаден во употреба на 11 октомври 1980 г. со изведба на претставата „Залезот над езерската земја" од Томе Арсовски, а во режија на Димитар Христов и со ретроспективна изложба на битолските ликовни уметници.[2].

Наводи[уреди | уреди извор]