Дијана Будисављевиќ
Дијана Будисављевиќ | |
---|---|
Податотека:Diana Budisavljevic 1.jpg | |
Роден(а) | Diana Obexer 15 January 1891 Инсбрук, Австроунгарија |
Починал(а) | 20 август 1978 Исбрук, Австрија | (возр. 87)
Познат(а) по | Хуманитарност |
Сопружник | Јулије Будисављевиќ (2 март 1882 – 5 мај 1981)[1] |
Дајана Будисављевиќ (родена Обексер; 15 јануари 1891 - 20 август 1978 година) била австриска хуманитарка која ѝ помогнала на Југославија за време на Втората светска војна. Спровела спасувачки операции со кои спасила повеќе од 15,000 деца, претежно српски, од хрватските логори на Усташите во Независна држава Хрватска, која претставувала нацистичка марионетска држава основана во окупирана Југославија.
Детство
[уреди | уреди извор]Родена во Инсбрук, Дајана Обексер се омажила со докторр Јулије Будисављевиќ, Србин[2] кој во тоа време работел како лекарски практикант во хируршката клиника во Инсбрук. Во 1919 година, д-р Будисављевиќ бил назначен за професор по хирургија на Медицинскиот факултет на Универзитет во Загреб, по што се преселиле во Загреб, кој во тоа време бил дел од Кралството Југославија .
Втора светска војна
[уреди | уреди извор]За време на Втората светска војна, Југославија била нападната од силите на Оската во април 1941 година и нацистичката сојузничка марионетска Независна држава Хрватска започнала геноцидна кампања против Србите, Евреите и Ромите. Почнале да се формираат бројни концентрациони логори во Хрватска. Откако дознала за децата што се чувале во логорот Лобор-Град, во октомври 1941 година, заедно со голем број соработници, меѓу кои и Марко Видаковиќ и Ѓуро Вукосављевиќ, таа започнала кампања за помош, наречена „Акција Дијана Будисављевиќ“. Главна цел на акцијата била да се спасат српски деца и жени кои се наоѓале во различни концентрациони логори, вклучувајќи ги и тие во логорите на смртта во Јасеновац.[3][4]
Со помош на локалната еврејска заедница, која била принудена да ги поддржува затворениците во кампот, нејзиниот тим испратил храна, лекови, облека и пари, најпрво во Лобор-Град, а подоцна и во други логори во Горна Риека. Нејзиниот тим им помогнал и на припадниците на Хрватскиот црвен крст на главната железничка станица во Загреб, со што обезбедиле патни резерви за работниците кои патувале во возовите кон местата за принудна работа во Германија. Некои од таквите мажи, жени и деца биле запрени во Марибор и Линц и биле вратени во Загреб поради тоа што им било запбрането да работат поради болести - ним им помогнале Црвениот крст и Акцијата. За време на таа работа, во март 1942 година, Будисављевиќ се сретнала со главната медицинска сестра, Драгица Хабазин, која станала нејзина блиска соработничка при помагањето на затворениците од разни логори кои биле преместени во Загреб и други места во следните месеци и години.[5]
На почетокот на јули 1942 година, со помош на германскиот офицер Густав фон Коцијан,[6] добила писмена дозвола да ги однесе децата од концентрациониот логор Стара Градишка.[5] Со помош на Министерството за социјални работи, особено професорот Камило Бреслер, таа ги преместила децата затвореници од кампот во Загреб, Јастребарско, а подоцна и во Сисак.[7]
После спасувачките напори во Стара Градишка, Будисављевиќ, облечена во униформа на медицинска сестра на Црвен крст, учествувала во транспортот на деца од Млака, Јабланац и Јасеновац. Повеќе од 6.000 деца биле преместени од логорите за време на „Акцијата“ во јули и август 1942 година. По добивањето на дозвола да ги премести децата од институциите во семејства во август 1942 година, таа работела заедно со Загребската архиепископија и на тој начин овозможила неколку илјади деца да бидат сместени со семејства во Загреб и селските заедници.[5]
Од 15.536 деца што ги спасила Будисављевиќ, 3.254 деца загинале за време на спасувањето или веднаш по напуштањето на кампот, исцрпени од измачувања, глад и болести, додека повеќе од 12,000 спасени деца ја преживеале војната. [8] Единаесет членови на нејзиниот тим биле убиени за време на Втората светска војна. Врз основа на неколку извори, водела документ во кој ги запишувала информациите на приближно 12.000 деца. На барање на Министерството за социјална политика, во мај 1945 година, таа ги предала документите кои ги водела четири години заедно со Иванка Џакула.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Otimala decu ispod kame. Архивирано на 5 март 2016 г. In: Vesti-Online.com, 13. Mai 2011; siehe auch Slobodan P. Đorđević, Dr. Julije Budisavljević (2 March 1882 – 5 May 1981). In: Srpski arhiv za celokupno lekarstvo. Bd. 111, 1983, S. 861–864.
- ↑ „Hrabrost Diane Budisavljević jača od zaborava“. Večernje novosti (српски). Посетено на 22 March 2015.
- ↑ Koljanin, Milan (2007). Akcija Diana Budisavljević (Tokovi istorije) (српски). стр. 191–207.
- ↑ Dragoje Lukić, Rat i djeca Kozare (Beograd: Književne novine, 1990), p. 27
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Kolanović 2003.
- ↑ „Repository“. Michael.eisenriegler.at. Посетено на 2 July 2017.
- ↑ Ajduković 2006.
- ↑ Lomović 2013.
Литературни дела
[уреди | уреди извор]- Ajduković, Marina (October 2006). „Djelovanje Diane Budisavljević: Rad s djecom stradalom u 2. svjetskom ratu“ [The Activity of Diana Budisavljević with the child victims of World War II]. Annual of Social work (хрватски). Faculty of Law, University of Zagreb. 13 (1). ISSN 1846-5412. Посетено на 2013-06-03.
- Kolanović, Josip, уред. (2003). Dnevnik Diane Budisavljević 1941-1945. Zagreb: Croatian State Archives and Public Institution Jasenovac Memorial Area. ISBN 978-9-536-00562-8.
- Lomović, Boško (2013). Knjiga o Dijani Budisavljević. Belgrade: Svet knjige. ISBN 978-86-7396-445-4. Архивирано од изворникот на 2016-04-01. Посетено на 2020-06-14.
- Lomović, Boško (2014). Heroine from Innsbruck – Diana Obexer Budisavljević. Belgrade: Svet knjige. ISBN 978-86-7396-488-1. Архивирано од изворникот на 2016-04-01. Посетено на 2020-06-14.
- Lomović, Boško (2014). Die Heldin aus Innsbruck – Diana Obexer Budisavljević. Belgrade: Svet knjige. ISBN 978-86-7396-487-4. Архивирано од изворникот на 2016-04-01. Посетено на 2020-06-14.
- Mirković, Jovan (2014). Crimes against Serbs in the Independent State of Croatia - photomonograph / Злочини над Србима у Независној Држави Хрватској - фотомонографија. Svet knjige Belgrade. ISBN 978-86-7396-465-2. Архивирано од изворникот на 2016-04-08. Посетено на 2020-06-14.
- Kuehs, Wilhelm (2017). Dianas Liste. Tyrolia Innsbruck. ISBN 978-3-7022-3597-0.
Дополнителна книжевност
[уреди | уреди извор]- „Fontes issue with the Dnevnik Diane Budisavljević - Table of contents“. Fontes. Croatian State Archives (8). November 2002. ISSN 1330-6804. Посетено на 22 March 2015.