Димко Митрев
Изглед
| Димко Митрев | ||
| Роден | 1919
Велес, Кралство Југославија | |
|---|---|---|
| Починал | 10 декември 1942
Велес, Југославија | |
| Националност | Македонец | |
| Занимање | партизан | |
Димко Митрев (роден во 1919 година во Велес - починал на 10 декември 1942 година во Велес) — македонски револуционер, организатор на НОБ во Велес, борец на НОПО „Димитар Влахов“ (од април 1942).[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Димко Митрев бил организатор на работнички штрајкови во Велес пред војната, член на СКОЈ (од 1938), на КПЈ (од 1940), а на МК на КПЈ за Велес (од 1941). Во неговата куќа (октомври 1941) бил отпечатен првиот број на илегалниот весник „Народен билтен“. Во 1941 г. преминал во илегалство, а во април 1942 г. заминал во партизани. Бил комесар на Велешкиот НОПО. Загинал при предвремена експлозија на нагазна мина за диверзија на германски воз.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Митрев“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 966. Text "series " ignored (help)