Димитрија Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитрија Ацев Трајковски ( 1920 во Бадар, Скопско1945 во Бихаќ, Босна и Херцеговина) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Пред да стапи во армијата се занимавал со земјоделство. На 22 ноември 1944 година, со Четириесет и втората дивизија заминал на Сремскиот фронт каде учествувал во ослободувањето на Војводина и другите краишта на Југославија. Подоцна бил распореден во дивизискиот инжинерски баталјон. Од недоволно писмено селско дете, со помошта на старешините, израснал во одличен миночистач. Своето знаење несебично го ставил на располагање на одговорната служба. Многубројни мински полиња, на Сремскиот фронт со неговата умешност биле исчистени. Во јуни 1945 година вршејки ја својата должност при чистење на минско поле во околината на Бихаќ, загинал со двајца другари. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во неговото родно село.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 148. На |first= му недостасува |last= (help)