Димитар Ацев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Dimitar Atzev Berovo BKP.JPG
Роден 1893
Берово, Македонија
Починал 9 октомври 1923
Горна Џумаја, Пиринска Македонија

Димитар Ацев — македонски учител и комунистички деец коj делувал во редовите на Бугарската комунистичка партија во првите децении на 20 век. Учетвувал во подготовката и организирањето на Септемвриското востание. Бил убиен од страна на членовите на ВМРО[1][2]. Како причина за неговото убиство од страна на ВМРО било наведено непочитувањето на договорот помеѓу ВМРО и БКП од последната за неширење на востанието во Пиринска Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Димитар Ацев е роден во 1893 година во Берово, тогаш е во Османлиската империја. Завршил во егзархиското педагошко училиште во Скопје. Во 1912 година станал член на Бугарската работничка социјалдемократска партија (тесни социјалисти). Учествува во Првата светска војна и во т.н Владајски бунт. Во период помеѓу 1920 - 1921 година бил учител во селото Крупник, каде формирал јадро група на БКП. Станал секретар на Окружниот комитет на БКП во Горна Џумаја. Пишувал во Работнички весник. Во 1923 година учествувал во подготовката на т.н Септемвриско востание. Под негова команда била Горноџумајскиот востанички одред.

По започнување на борбите еден одред од околу 130 вооружени луѓе на чело со Тодор Чопов и Димитар Ацев се упатил кон бугарскиот град Дупница на помош на востаничките сили, придржувајќи се на договорот да не се разгорува борбата во Горна Џумаја и другите околии во Пиринска Македонија. Откако добиле известување дека востанието во Дупница било прекинато, одредот се поделил на неколку групи, од кои една заминала за Разлог, а другата за Горна Џумаја.

Од страна на припадниците на ВМРО, Михаил Монев (зет на Тодор Александров), Васил Мечкуевски и Иван Караџов во Горна Џумаја, биле убиени комунистите: Димитар Ацев - учител, Никола Лисичков - адвокат и нотарот на градот Стефан Велинов. Тие биле обесени, а нивните тела биле оставени да висат неколку дена во градот. Ноќта меѓу 9 и 10 октомври 1923 година на старите врби кај мостот во центарот на Горна Џумаја биле направени четири бесилки за Ацев, Лисичков, Велинов и Илија Илиев. Првите тројца биле обесени, додека Илиев, кој бил тешко болен, терористите од ВМРО не можеле да го довлечкаат до бесилката и го убиле пред својот дом. Четворицата убиени биле погребани во иста гробница во Горна Џумаја, која народот ја нарекол "Комуна" [3].

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 49.
  2. Енциклопедия България, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 161.
  3. Виолета Ачковска и Никола Жежов, Предавствата и атентатите во македонската историја, Скопје, 2004.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]