Дејан Ристески
Дејан Ристески | ||
Роден | 1865 Врбјани, Охридско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 12 август 1957 Врбјани (Охридско), Македонија |
Дејан Ристески, попознат како Дејан Комита (роден во 1865 година во село Врбјани, општина Дебарца - починат на 12 август 1957 година во село Врбјани) бил македонски револуционер и член на Македонската Револуционерна Организација.
Семејство[уреди | уреди извор]
Дејан Комита бил дел од големо семејство со вкупно 8 деца - пет браќа и три сестри: Здраве, Динго, Данил, Никола, Дејан, Љубинка, Божана и Трпа, деца на Јовче и Костура. Здраве бил убиен од балистите во 1942 или 1943 година[1].
Револуционерна дејност[уреди | уреди извор]
Од многу млада возраст, со 25 години, Дејан се приклучил на Организацијата, активно учествувајќи со здружената чета на војводата Јордан Силјанов Пиперката во охридската околија. Тој имал чести средби и соработки со македонскиот револуционер Гоце Делчев, како и со македонскиот писател Григор Прличев и со својот соселанец Кузман Капидан[1].
По доаѓањето на партизаните, револуционерната дејност на Дејан Комита престанала. Во текот на својот живот, тој имал два брака. За првата жена има малку податоци; со неа имал неколку деца кои, за жал, починале. По смртта на првата сопруга, се оженил со Ристеска Спаса, вдовица која имала три деца од претходниот брак. Дејан и Спаса имале четири деца, од кои едно починало како бебе. Нивните деца се: Јовчески Бошко, Јовчески Ристе (починал како бебе), Јовческа Стојанка (близначка на Ристе) и Јовчески Лазор - кој ни ја раскажува биографијата за својот татко.
Дејан Комита во својата старост примал илинденска пензија и бил ценет и почитуван во својата заедница, пред сè заради својата праведност. Тој исто така бил прогласен за кмет на селото Врбјани, функција која ја обавувал помеѓу 10 и 15 години[1].
Покрај неговите револуционерни активности, Дејан Комита се занимавал и со сточарство и земјоделие во своето родно село, сè до својата смрт на 12 август 1957 година, на возраст од 92 години. Тој е погребан во родното село Врбјани, кај старата селска црква Свети Ѓорѓија Победоносец која датира уште од 1322 година[1].