Дејан Антониќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дејан Антониќ (роден е на 22 јануари 1969 година) е српски фудбалски тренер и поранешен играч.

Тој е татко на фудбалерот Стефан Антониќ кој моментално настапува во клубот на Саутерн.[1]

Почетна кариера[уреди | уреди извор]

Дејан Антониќ со професионален фудбал започнал да се занимава во локалниот клуб на Црвена ѕвезда од Белград.

Во 1987 година, Антониќ бил повикан да настапува во младинскиот тим на тогашна Југославија.[2] Младинскиот тим на Југославија ја освоил првата титула во финалето против тогашна Источна Германија, каде победиле на пенали. Таа генерација била наречена како југословенска „златна генерација “. Негови познати соиграчи од таа генерација биле: Роберт Јарни, Игор Штимац, Звонимир Бобан, Роберт Просинечки, Предраг Мијатовиќ и Давор Шукер. Подоцна Антониќ се приклучил на тимот на Црвена ѕвезда од Белград, но не настапил во лигата на ниту еден натпревар. Неговиот прв натпревар во Првата југословенска лига 1989–90 бил против тимот на ФК Спартак од Суботица.[3] Подоцна настапувал за ФК Напредак од Крушевац во Втората југословенска лига.[3][4] Во 1995 година, ја напуштил Европа и се приклучил на клубот Персебаја ФК во државата Индонезија.

Кариера во Хонгконг[уреди | уреди извор]

Како играч[уреди | уреди извор]

Инстант Дикт

Во 1998-1999 година, Антониќ му се приклучил на клубот од првата дивизија од Хонгконг, Инстант-Дикт ФК и играл повеќе на позицијата како дефанзивец отколку како играч од средниот ред. Неговиот прв натпревар бил полуфиналето против тимот на Јужна Кина во ФА Купот на Хонгконг. Тој бил вклучен во Хонгконг XI за да се натпреварува во Купот Карлсберг во 2003 година. Дејан постигнал гол од пенал на натпреварот против репрезентацијата на Данска во Карлсберг купот. Тој играл во одлична форма и во сезоната бил награден со наградата за „Најфер играч“. Неколку пати бил номиниран за наградите за фудбалер на Хонгконг. Во 2000-01, тој му помогнал на клубот Инстант-Дикт ФК да го освои ФА Купот на Хонгконг.

Сун Хеи[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 2000 година се приклучил на тимот Сун Хеи и со овој клуб освоил три шампионски титули, вклучувајќи го и Хонгконг Сениор Челинџ Шилд, ФА Купот на Хонгконг и Лига Купот на Хонгконг .

Како тренер[уреди | уреди извор]

Антониќ бил носител на УЕФА Про лиценца. Тој бил назначен од клубот Кичи за главен тренер во 2005 година. Успешно го предводел тимот до два трофеи во лигата. Во неговата прва година на должност ги освоил Лига Купот на Хонгконг и Купот на сениорскиот штит на Хонгконг. Тој го предводел тимот во втората сезона кога го одбранил Лига Куп на Хонгконг во 2006 година. Антониќ го водел клубот на Кичи и во квалификациите за АФЦ Купот 2008 година.

Достигнувања со Кичи ФК[уреди | уреди извор]

  • Победник на Лига Купот на Хонгконг 2005-2006 година;
  • Победник на сениорскиот Шилд Куп 2005-2006 година;
  • Победник на Лига Купот на Хонгконг 2006-2007 година;
  • Кичи ги поминал квалификациите за Азиското фудбалско првенство 2008 година;
  • Избран во Хонгконг „тренер на годината 2005-2006“;
  • Го освоил второто место во Лигата на Хонгконг 2006-2007 година;
  • Го освои второто место на сениорскиот Шилд Куп 2007-2008 година и
  • Пријателски игри на Кичи ФК против:

- Шангај Шенхуа (Кичи бил победник на Канон Куп)

- Хонгконг селекција против Барселона, Антониќ бил избран за тренер на годината на Хонгконг во 2006 година, а исто така бил назначен да биде тренер на Лигата XI на Хонгконг за годишниот Куп на Карлсберг.

Откако го напуштил тимот Кичи, клубот на TSW Pegasus го назначил Антониќ за нов заменик тренер на тимот и стручнак за развој на млади таленти.

Антониќ бил назначен за тренер на националниот тим на Хонгконг како подготовка за квалификациите за Азискиот куп 2011 година. И со националниот тим на Хонгконг, тој го освоил 31-от Куп на Гуангдонг 2008 година. Тој бил номиниран за консултант на правниот екипа на фудбалскиот тим на Хонгконг.

Достигнувања со репрезентацијата на Хонгконг[уреди | уреди извор]

  • Го освоил првото место на Купот Гуангдонг 2008 година
  • Победил на натпреварот против Индија со 2:1
  • Победил на натпреварот против Макао со 9:1

Антониќ ја напуштил својата функција како главен тренер на Туен Мун во средината на сезоната 2011-12 во Хонгконг во Првата дивизија и му се приклучил на Арема ФК како главен тренер. Тренер на Арема ФК бил само 6 месеци. Тој бил изгласан од веб-страницата за фудбалски вести, Goal.com, за „Најдобар тренер 2011–2012“[5] од страна на индонезиската Премиер лига. Ова признание го добил бидејќи со тимот на Арема ФК стигнал до четвртфиналето на АФЦ Купот 2012.[6] Поради тоа целата нација била горда и среќна.[7]

Достигнувања со Арема Индонезија ФК[уреди | уреди извор]

  • Победил против Кичи ФК во нокаут фазата на АФЦ Купот 2012 година и стинал до четвртфиналната рунда
  • Изгласан е за „Најдобар тренер на индонезиската Премиер лига 2011-2012“
  • Изгласан за „тренер на месецот“ (мај 2012) од страна на AФЦ

Откако го напуштил тимот на Арема ФК, Антониќ бел назначен за главен тренер на Про Дута ФК и продолжил со блескавата тренерска кариера.

Достигнувања со Про Дута ФК[уреди | уреди извор]

  • Шампион на Индонезиската Премиер лига 2012-2013
  • Шампион на Суперкупот на индонезиската Премиер лига 2012-2013
  • Изгласан за „тренер на годината“ 2012-2013

По завршувањето на својот договор со Про Дута ФК, Антониќ потпишал двегодишен договор со Пелита Бандунг Раја на 20 ноември 2013 година.[8] На 9 септември 2014 година, тој го продолжил договорот на две години до 2016 година.[9]

Достигнувања со Пелита Бандунг Раја ФК[уреди | уреди извор]

  • Изгласан за „тренер на месецот“ во февруари 2014 година;
  • Изгласан за „тренер на месецот“ во август 2014 година;
  • Изгласан за „тренер на месецот“ во октомври 2014 година;
  • Изгласан за „тренер на годината“, индонезиска Супер лига 2014-2015 од страна на ПССИ;
  • Изгласан за „тренер на годината“, индонезиска Супер лига од Гол.ком;
  • Изгласан за „тренер на годината“, индонезиска Супер лига од EСПН;
  • Пелита Бандунг Раја ФК беше избран за „Тим на годината, индонезиска Супер лига 2014-2015“и
  • Пелита Бандунг Раја ФК е второпласираната во Купот на островот Бали 2014-2015.

Антониќ подоцна се приклучил на екипата Персиб Бандунг ФК откако го завршил успешно договорот со клубот на Пелита Бандунг Раја.

Достигнувања со Персиб Бандунг ФК[уреди | уреди извор]

  • Го освоил второто место на Купот Бајангкара во 2016 година.

Антониќ на 31 октомври 2016 година, потпишал една година и половина договор со тимот на Јужна Кина како главен тренер. Клубот успеал да заврши на крајот на сезоната на 4-то место во лигата и стигнал до финалето на ФА Купот на Хонгконг 2016-17. По одлуката на клубот на Јужна Кина за доброволно раскинување на договорите, целиот стручен штаб, па и Антониќ го напуштиле тимот.

На 4 јули 2017 година, директорот на екипата Хонгконг Ренџерс, Филип Ли објавил дека Антониќ ќе биде новиот тренер на клубот. Тука останал една година.

На 28 март 2018 година, клубот на Борнео објавил дека Антониќ ќе биде нов главен тренер на клубот откако го отпуштил нивниот претходен тренер.[10]

По завршувањето на договорот со клубот на Борнео ФК, Антониќ потпишал нов договор со екипата на Мадура Јунајтед ФК.

Достигнувања со Мадура Јунајтед ФК[уреди | уреди извор]

  • Избран е за најдобар тренер две недели по ред

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Антониќ се оженил со својата вереница од Индонезија, Вена Тикоалу. Вена и Дејан го добиле синот Стефан на 6 февруари 2001 година. Синот им се родил во Хонгконг.

Антониќ имал уште една постара ќерка која живее и студира во Србија.

Репрезентацијата на Хонгконг под раководство на тренерите Дејан Антониќ и Горан Паулиќ[уреди | уреди извор]

Меѓународни натпревари на Хонгконг[уреди | уреди извор]

# Датум Тип на натпревар Локација Противник Резултат
1 19 ноември 2008 година Пријателски Макао  Макао 9–1
2 14 јануари 2009 година Пријателски Хонгконг  Индија 2–1
3 21 јануари 2009 година Квалификации за Азискиот куп на АФЦ 2011 година Хонгконг  Бахреин 1–3
4 28 јануари 2009 година Квалификации за Азискиот куп на АФЦ 2011 година Сана, Јемен  Јемен 0–1

Домашни натпревари на Хонгконг[уреди | уреди извор]

# Датум Тип на натпревар Локација Противник Резултат
1 1 јануари 2009 година Купот на Гуангдонг-Хонгконг 2009 година Гуангжу, Кина КинаГуангдонг 1–3
2 4 јануари 2009 година Купот на Гуангдонг-Хонгконг 2009 година Хонгконг КинаГуангдонг 4–1

Признанија[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Сун Хеи

  • Освоен е ФА Куп на Хонгконг: 2002–03
  • Освоен е Лига куп на Хонгконг: 2002–03

Југославија У-20 (младинско)

  • Победник на Светско младинско првенство на ФИФА во Чиле: 1987 година

Тренер[уреди | уреди извор]

Кичи ФК

  • Освоен е Хонгконг Сениор Шилд: 2005–06
  • Освоен е Лига куп на Хонгконг: 2005–06, 2006–07

ПСС Слеман

  • Менпора Куп трето место: 2021 година[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „【港超聯】冠忠南區簽入名將狄恩之子 Double史提芬迎接復賽“. HK01. 6 June 2020. Посетено на 4 July 2020.
  2. "Yugoslavia Squad in FIFA U-20 World Cup, Chile 1987" FIFA.com
  3. 3,0 3,1 Yugoslav First and Second League stats at B92
  4. Tempo almanah 1991/1992 page 42
  5. "The Best Coach of Indonesian Premier League 2011–2012" Goal.com. 28 July 2012.
  6. "The Serbian head tactician, Dejan Antonic, has successfully led Arema Indonesia to the quarter-finals of the AFC Cup for the first time in the club's history" Goal.com. 24 May 2012.
  7. "Arema massive win over Navibank Saigon" Goal.com. 9 May 2012.
  8. „Dejan Antonic Latih PBR Dua Musim“ (индонезиски). tribunnews.com. Посетено на 24 November 2013.
  9. „PBR Perpanjang Kontrak Dejan“ (индонезиски). Архивирано од изворникот на 11 September 2014. Посетено на 9 September 2014.
  10. „RESMI: Borneo FC Tunjuk Dejan Antonic Sebagai Pelatih | Goal.com“ (индонезиски). Посетено на 28 March 2018.
  11. Donny, Afroni (24 April 2021). „Tekuk PSM Makassar, PSS Sleman Rebut Peringkat Tiga Piala Menpora“. goal.com. Goal. Посетено на 29 April 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]