Прејди на содржината

Дејан Алексиќ (МАНАПО)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дејан Алексиќ (21 април 1914[1] во Скопје2001 во Белград, Србија) — новинар и публицист, член на друштвото „Вардар“ и на националното движење МАНАПО.[2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој бил припадник на студентското и комунистичкото движење. Како студент на Правниот факултет, учествувал во студентското движење на Универзитетот во Белград. Бил член на друштвото „Вардар“ и активен во движењето на МАНАПО. Станал член на КПЈ во 1939 година. Бил главен и одговорен уредник, редактор на весникот „Наша реч“ (орган на КПЈ за Македонија) до 1941 година. Весникот покрај текстовите на српски печател ѝ статии на македонски јазик.[2] Истата 1941 година станал член на Месниот воен штаб во Куманово (септември-октомври, 1941 година). По излегувањето на кумановските партизански одреди на 12 октомври, 1941 година, преминал во Скопје во илегалност. Бил фатен и уапсен од страна на бугарската полиција, која го предала на Недиќевата власт. Бил затворен во белградскиот затвор „Главњача“ и на „Ада циганлија“, до крајот на 1942 година. Кон крајот на 1944 година пристигнал во Скопје. Работел како новинар во весникот „Нова Македонија“ и во претставништвото на Танјуг.[1]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 23. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 16–17. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)