Дебело Брдо (Беласица)
Изглед
Дебело Брдо | |
---|---|
Дебело бърдо | |
Поглед на врвот Дебело Брдо | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.951 м |
Координати | 41°19′11″N 23°08′51″E / 41.3198° СГШ; 23.1474° ИГД |
Друго име | Дебело бърдо |
Географија | |
Место | Петричко, Пиринска Македонија Валовишко, Егејска Македонија |
Матичен венец | Беласица |
Дебело Брдо (бугарски: Дебело бърдо) — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.951 м.
Се издига на главното планинско било, западно од врвот Пункова Скала и источно од првенецот Радомир. На север од него се одвојува Дебели Рид. Има куполест облик и благи падини. Сочинет е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Обраснат е со подалпска тревна растителност. По билото поминува државната граница помеѓу Бугарија и Грција. Врвот е обележан со граничната пирамида бр. 26.
Искачување
[уреди | уреди извор]Главниот приодни места за искачување на Дебело Брдо се градот Петрич и планинарските домови „Беласица“ и „Конгур“.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 253. ISBN 954-90006-1-3.