Пункова Скала
Изглед
| Пункова Скала | |
|---|---|
| Пункова скала | |
Поглед на врвот Пункова Скала | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 1.974 м |
| Координати | 41°19′15″N 23°08′19″E / 41.3208°N 23.1386°E |
| Друго име | Пункова скала |
| Географија | |
| Место | Петричко, Пиринска Македонија Валовишко, Егејска Македонија |
| Матичен венец | Беласица |
Пункова Скала (бугарски: Пункова скала) — врв на планината Беласица, на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 1.974 м.
Се издига на главното планинско било, западно од врвот Конгур и источно од врвот Дебело Брдо. Има стрмни карпести падини, особено на јужната страна. Пункова Скала има две врвни точки, од кои западната е повисока. Сочинета е од метаморфни карпи. Почвата е кафеава шумска. Обраснат е со подалпска тревна растителност. По билото поминува државната граница помеѓу Бугарија и Грција. Обележан е со граничната пирамида бр. 27.
На топографските карти врвот е погрешно обележан како Пунктова скала.[1]
Искачување
[уреди | уреди извор]Главниот приодни места за искачување на Пункова Скала се градот Петрич и планинарските домови „Беласица“ и „Конгур“.

