Прејди на содржината

Двајца пријатели

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Двајца пријатели“ (француски: Deux Amis) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен во 1882 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во текот на Француско-пруската војна, за време на опсадата на Париз, господинот Морисо излегува да прошета и притоа го среќава својот стар познаник, господинот Соваж, со кого пред војната заедно оделе на риболов. Тие се потсетиле на старите добри времиња и се договориле уште истиот ден да појдат на нивното омилено место за риболов. Штом стигнале таму, пруската артилерија почнала да го бомбардира соседното место, а набргу тие биле заробени и обвинети дека се шпиони. Прускиот офицер ги наговарал двајцата пријатели да му ја кажат лозинката со која се поминува низ француската стража, но тие одбиле да го направат тоа. Поради тоа, Морисо и Соваж биле стрелани, нивните тела биле фрлени во реката, а прускиот офицер наредил да му ги испржат рибите што ги уловиле двајцата пријатели.[1]

  1. „Два пријатеља“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 179-187.