Данаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Данаја и златниот дожд која го претставуваа Зевс на вазната од 450-425 година п. н. е.

Данаја (грчки јазик|Δανάη) во грчката митологија била ќерка на Акрисије, кралот на Аргос и Еуридика (или Аганипа[1]) и Персејева мајка.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Нејзиното име има значење „онаа која суди“ или „усахла“.[2]

Митологија[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа дека ја имал само Данаја, Акрисије го прашал пророчиштето дали ќе има наследник. Му било одговорено дека нема, но и дека Данаја ќероди машко дете кое ќе го убие. З да го спречи тоа, ја затворил својата ќерка во подземна темница составена од бронза, но Зевс во вид на златен дожд поминал низ отворот на кровот и ја обљубил Данаја. Така таа забременила и родила момче, Персеј, кого го одгледала заедно со дадилката, која била затворена заедно со неа. Еден ден Акрисиј слушнал детски глас и влегол во темницата, каде Данаја се обидела да му објасни дека Персеј син на Зевс. Не и поверувал, туку заедно со детето ја затворил во ковчег и ја фрлил во море. Ковчегот допловил до островот Серифос, каде го нашол Диктис. Тој ја прифатил мајката и детето, но во неа се вљубил неговиот брат, кралот Полидект. Данаја не му ја возвратила љубавта и Полидект помислил дека тоа е поради синот. Зато го испратил да му ја донесе главата на Медуза. Кога Персеј севратил од походот, го затекнал Диктис и својата мајка како се молат на боговите да ги заштити од лошата мисла на Полидект. Затоа ја употребил главата на Медузина и го скаменил кралот и неговите следбеници. Потоа со мајка му го напштил островт и ја одвел во Аргос каде таа останала со својата мајка, Еуридика.[3]

Според римско предание, ковчегот стасал до брегот Лација каде Данаја се омажила за кралот Пилумно и го основала градот Ардеја. Нејзин потомок е Турно, кралот на Рутул.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. -{Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: Dictionary}-; -{Aetnaeus to Althaemenes}-
  2. Роберт Гревс. 1995. Грчки митови. 6. издање. Нолит. Београд.
  3. 3,0 3,1 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]