Прејди на содржината

Гробот на Абрахам Линколн

Координати: 39°49′24″N 89°39′21″W / 39.82333° СГШ; 89.65583° ЗГД / 39.82333; -89.65583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гробот на Абрахам Линколн на гробиштата Оук Риџ, Илиноис и меморијалниот центар биле основани на 19 декември 1960.[1]

Гробот на Абрахам Линколн или само Гробот на Линколн (англиски: Lincoln's Tomb) е вечниот дом на шестнаесетиот претседател на САД, Абрахам Линколн, но и на неговата жена Мери Тод Линколн и на три од четирите негови деца.[2]. Гробот се наоѓа на гробиштата Оук Риџ во Спрингфилд, Илиноис и е под закрила на државата Илиноис под името „Државно историско место Гроб на Линколн“.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

На 15 април 1865, денот кога умрел Абрахам Линколн, група граѓани од Спрингфилд го создадел Националното здружение Споменик Линколн и започнале акција за собирање средства за создавање меморијален центар или гроб на Претседателот.[4]

По доаѓањето на телото на Претседателот на 3 мај, истото било положено во Стариот државен капитол на Илиниос само една вечер[3]. По закопот следниот ден, ковчегот на Линколн бил положен во гробиштата Оук Риџ, место кое го избрала жената на Линколн.[4] Во декември останките на Линколн биле преместени, привремено, на друга локација, која денес е обележана со мал гранит и се наоѓа позади гробот на едно брдо.[5] Во 1871 година, три години по изградбата на гробницата, телото на Линколн и телата на неговите три сина биле положени во новиот, нецелосно изграден гроб.[3]

Во 1874 година, веднаш по целосната изградба на меморијалниот центар кој бил дизајниран од Ларкин Голдсмит Мид, останките на Линколн биле положени во саркофаг во соба позната како „катакомби“.[4]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Lincoln Tomb“. National Historic Landmark summary listing. National Park Service. Посетено на 2007-10-11.
  2. Lincoln Tomb
  3. 3,0 3,1 3,2 „Lincoln Tomb“. Архивирано од изворникот на 2010-08-23. Посетено на 2010-11-06.
  4. 4,0 4,1 4,2 National Parks Service: Survey of Historic Sites and Buildings
  5. FindAGrave

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

39°49′24″N 89°39′21″W / 39.82333° СГШ; 89.65583° ЗГД / 39.82333; -89.65583