Гордон Лајтфут
Гордон Лајтфут | |
---|---|
Лајтфут настапува во Интерлохен, Мичиген, во 2009 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Гордон Мередит Лајтфут Помладиот |
Роден(а) | 17 ноември 1938 Орилија, Онтарио, Канада |
Починал(а) | 1 мај 2023 Торонто, Онтарио, Канада | (возр. 84)
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти |
|
Период на активност | 1958–2023 |
Издавачи |
Гордон Мередит Лајтфут Помладиот (англ. Gordon Meredith Lightfoot Jr.; 17 ноември 1938 - 1 мај 2023) ― канадски кантавтор и гитарист кој забележал меѓународен успех во фолк, фолк-рок и кантри-музиката. Помогнал во дефинирањето на фолк-поп звукот од 1960-тите и 1970-тите[1] и се смета за најистакнат канадски текстописец.[2] Објавил неколку златни и мулти-платинести албуми[3] и песни, препеани од некои од најреномираните светски музички уметници.[4] Биографот на Лајтфут, Николас Џенингс, рекол: „Неговото име е синоним за безвременски песни за возови и бродоломи, реки и автопати, љубов и осаменост“.[5]
Лајтфут бил роден на 17 ноември 1938 година во Орилија, Онтарио[6][7] и имал шкотско потекло.[8] Во 1958 година се преселил во Лос Анџелес за да студира џез-композиција и оркестрација на музичкиот колеџ „Вестлејк“.[9] Некои од неговите најпознати песни се: „Ribbon of Darkness“ (1965),[10] „Early Morning Rain“ (1966), „If You Could Read My Mind“ (1970), „Sundown“ (1974); „Carefree Highway“ (1974), „Rainy Day People“ (1975) и „The Wreck of The Edmund Fitzgerald “ (1976).[11]
Роби Робертсон од канадската рок-група The Band го опишал Лајтфут како „национално богатство“.[12] Боб Дилан, кој исто така бил обожавател на Лајтфут, го сметал за еден од неговите омилени текстописци и рекол: „Не можам да се сетам на песна од Гордон Лајтфут што не ми се допаѓа. Секогаш кога слушам негова песна, некако посакувам да трае вечно...“.[13] Лајтфут бил истакнат музички изведувач на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри 1988 година во Калгари.
Како поединец, освен разните награди поврзани со неговите албуми и синглови, Гордон Лајтфут добил шеснаесет награди „Џуно“, ASCAP награди за пишување песни во 1971, 1974, 1976 и 1977 година и бил номиниран за пет Греми-награди. Во 1980 година бил прогласен за канадски пејач на деценијата, за неговата работа во текот на 1970-тите.[14] Лајтфут бил примен во Куќата на славата на канадската музика во 1986 година[14] и во Куќата на славата на канадската кантри-музика во 2001 година. Бил примен на Канадскиот булевар на славните во 1998 година. Во мај 2003 година бил прогласен за придружник на Редот од Канада.[14] Лајтфут бил член на Редот на Онтарио, највисока чест на регионот Онтарио. На 24 јуни 2012 година, Лајтфут бил примен во Куќата на славата на текстописците.[4][15][16]
Лајтфут починал на 1 мај 2023 година од природна смрт во Торонто, на 84-годишна возраст.[17]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Lightfoot! (1966)
- The Way I Feel (1967)
- Did She Mention My Name? (1968)
- Back Here on Earth (1968)
- Sit Down Young Stranger (aka If You Could Read My Mind) (1970)
- Summer Side of Life (1971)
- Don Quixote (1972)
- Old Dan's Records (1972)
- Sundown (1974)
- Cold on the Shoulder (1975)
- Summertime Dream (1976)
- Endless Wire (1978)
- Dream Street Rose (1980)
- Shadows (1982)
- Salute (1983)
- East of Midnight (1986)
- Waiting for You (1993)
- A Painter Passing Through (1998)
- Harmony (2004)
- Solo (2020)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Gordon Lightfoot to join U.S. Songwriters Hall of Fame“. CBC News. February 21, 2012. Архивирано од изворникот на October 23, 2016.
- ↑ Mayes, Alison (December 1, 2011). „If you could read his mind“. Winnipeg Free Press. Архивирано од изворникот на April 23, 2023. Посетено на December 26, 2011.
- ↑ Kerns, William (August 13, 2010). „Gordon Lightfoot says his music has improved over lengthy career“. Lubbock Avalanche-Journal. Архивирано од изворникот на December 28, 2023. Посетено на April 19, 2014.
- ↑ 4,0 4,1 Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
- ↑ Jennings, Nicholas (October 30, 2018). Lightfoot. Penguin Random House Canada. ISBN 9780143199212.
- ↑ „Kim Hasse and Gordon Lightfoot | Celebrations“. Globegazette.com. December 27, 2015. Посетено на September 26, 2021.
- ↑ Warner, Andrea (November 15, 2018). „10 things you need to know about Gordon Lightfoot on his 80th birthday“. CBC Music. Посетено на November 13, 2021.
- ↑ Loewenthal, Robyn (April 25, 1996). „Lightfoot Back on Track With Fresh Outlook“. Los Angeles Times. Посетено на November 20, 2022.
- ↑ Brodsky, Rachel (May 1, 2023). „Canadian Folk Icon Gordon Lightfoot Dead At 84“. Stereogum (англиски). Посетено на May 2, 2023.
- ↑ „Gordon Lightfoot | Music Biography, Credits and Discography“. AllMusic. Посетено на April 19, 2014.
- ↑ White, Adam; Bronson, Fred (1988). The Billboard Book of Hits. Billboard Books. ISBN 0-8230-8285-7.
- ↑ Seely, Mike (August 22, 2007). „Fantasy Trade: Gordon Lightfoot for Neil Diamond, The Last Waltz: Canadian songwriter passed on the night-of invitation, much to this author's regret“. Seattle Weekly. Архивирано од изворникот на June 12, 2018. Посетено на June 10, 2018.
- ↑ „Gordon Lightfoot Biography“. Activemusician.com. Архивирано од изворникот на November 5, 2014. Посетено на April 19, 2014.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Rutherford, Nichola (May 2, 2023). „Singer-songwriter Gordon Lightfoot dies aged 84“. BBC. Посетено на May 3, 2023.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Morris, Chris (2023-05-02). „Gordon Lightfoot, Folk Singer Who Topped Charts With 'Sundown' and 'If You Could Read My Mind', Dies at 84“. Variety (англиски). Посетено на 2024-10-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- страница од Канадска енциклопедија
- страница на canadianbands.com
- Дигитални архиви на CBC: Гордон Лајтфут: Народен лауреат на Канада
- Gordon Lightfoot на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Гордон Лајтфут Архивирано на 14 јуни 2024 г. - Канадска фондација за комуникации Архивирано на 8 октомври 2024 г.
- Интервју со Гордон Лајтфут во „Songwriter Magazine“ на Меѓународната асоцијација на текстописци
- Gordon Lightfoot Документарец од 2019 година за Гордон и неговата кариера
|