Гора на Блаженствата

Координати: 32°52′56.04″N 35°33′18.61″E / 32.8822333° СГШ; 35.5551694° ИГД / 32.8822333; 35.5551694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гората на Блаженствата гледана од селото Капернаум.

Гора на Блаженствата (хебрејски: הר האושר, Хар Ха-Ошер) — рид во северен Израел, сместен на висорамнината Коразим. Се смета за местото каде Исус ја одржал познатата Беседа на гората.

Место[уреди | уреди извор]

Традиционалното место на оваа планина е на северозападниот брег на Галилејското Езеро, помеѓу селото Капернаум и остатоците на древен Генисарет (Гиносар), на јужните падини на висорамнината Коразим. Бидејќи се наоѓа на негативна надморска висина (околу 25 м под морето, речиси 200 метри над Галилејското Езеро), се вбројува меѓу најниските врвови на светот.[1]

Вистинското место каде се одржала Беседата на гората не е сосема извесно, но денешното возвишение (наречено и Ерем) го ужива тој статус повеќе од 1600 години. Местото е во непосредна близина на селото Табха. Предложени се и други места, како што е недалечниот Арбел (Арвил), па дури и Хатинските Рогови.

Историја[уреди | уреди извор]

Католичката црква на Блаженствата на планината.

Подолу на падината во IV век е подигната византиска црква, која била во употреба сè до VII век. Овде и денес се забележуваат остатоци од цистерна и манастир. Денешната католичка Црква на Блаженствата е изградена во 1937-38 г. според нацрти на италијанскиот архитект Антоино Барлуци.

Папата Јован Павле II на ова место одржал миса во март 2000 г. Поклоничката Исусова патека ја поврзува планината со други места од животот на Христос.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Земјомер на Израел, 1:50 000 топографска низа, квадрат 252529/754954 [1]; Океанографско и лимнолошко истражување на Израел [2].

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

32°52′56.04″N 35°33′18.61″E / 32.8822333° СГШ; 35.5551694° ИГД / 32.8822333; 35.5551694