Гондола
Гондола (италијански gondola) — чамец за пловидба на плитки води и е единствен во Венеција и нејзините бројни канали со што го симболизира угледот на романтичен град. Потеклото на зборот гондола никогаш не е точно утврден и покрај многуте интересни теории[1].
Изглед
[уреди | уреди извор]За изградба на гондола се употребуваат осум различни видови дрво (лимон, ариш, бука, бор, вишна, орев, брест и махагон) и истата се состои од 280 делови[2]. Нејзиниот асиметричен облик овозможува лесно управување со само едно весло со кое гондолиерот весла стоејќи на крмата. Левата страна од гондолата е направена подолга од десната за точно 24 cm со цел да се створи рамнотежа поради телесната тежина на гондолиерот.
Сите се долги точно 10.87 метри и 1.42 метар широки.
Постојат повеќе видови гондоли:
- Диздотона (итал.Disdotòna)
- Каорлина (итал.Caorlìna)
- Гондолин (итал.Gondolìn)
- Мазкарета (итал.Mascarèta)
- Сандоло (итал.Sàndolo)
Историја
[уреди | уреди извор]Во писмото на војводата Фалиере од 1094 година за првпат се спомнува гондолата која тогаш, како и денес, се употребувала за превоз на патниците низ градот. Во XVIII век низ каналите од градот пловеле можеби околу 14.000 гондоли што значи дека Венеција била еден од најпрометните водени патишта во светот. Денес од нив се останати околу 500 и претставуваат најчесто туристичка атракција.
Галерија на слики
[уреди | уреди извор]-
Гондола од високо -
Укотвени гондоли -
Две гондоли -
Гондола -
Гондола во Сан Тровазо -
Слика на Каналето на која се претставени гондолите -
Венецијански гондоли -
Патници во гондола
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Статија во Дејли Телеграф за историјата на гондолата
- ↑ „Статија за гондолата“. Архивирано од изворникот на 2008-07-24. Посетено на 2008-10-10.