Гетсиманска градина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гетсиманска градина

Гетсиманската градина (лат. Hortus Gethsemani) е една од најпознатите места во историјата на човештвото. Таа се наоѓа под Маслиновата гора, блиску до ѕидините на стариот град во Ерусалим.

Гестиманската градина е всушност местото каде Исус Христос ги одржувал повеќето од своите молитви и каде се собирал често пати со своите ученици-апостоли. Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со војниците и со бакнеж на левиот образ на Исус го предал на Кајфа.

На мeстото, каде според преданијата Јуда го предал Исус Христос, е била изградена базилика уште во 5 век. Во текот на 1919-1924 година била изградена современа црква на сите нации. Во неа има 12 куполи и грбовите на 12-те држави, кои донирале средства за изградбата. Внатре има слики, кои го покажуваат “Гетсиманското молење, “Предавањето на Спасителот” и “Апсењето на Христос”, на подот пред олтарот има ставено венец од трн, која ја заобиколува скалата на која се молел Христос.