Генетски изменет компир
Генетски изменет компир ― компир на кој му биле изменети гените, користејќи генетско инженерство. Целите на изменување се воведување отпорност кон штетници, прилагодување на количеството на одредени хемикалии произведени од растението и спречување на кафеавење или модринка на кртолата. Сортите кои се изменети за производство на големи количини на скроб може да бидат одобрени само за индустриска употреба, а не за храна.
Моментално пласирани сорти
[уреди | уреди извор]Употреба како храна
[уреди | уреди извор]Вроден компир
[уреди | уреди извор]Генетски изменетиот вроден компир бил одобрен од Министерството за земјоделство на Соединетите Држави во 2014 година[1] и Службата за храна и лекови во 2015 година[2][3][4] Сортата била развиена од JR Simplot Company. Дизајниран е да се спротивстави на појавување модринки, кафеави точки и да содржи помалку аминокиселински аспарагин што се претвора во акриламид за време на пржењето на компирот. Акриламидот е веројатен ракороден за човекот, па затоа е пожелно намалено ниво на него во пржената храна од компир.[5][6] Иако заруменувањето не влијае на квалитетот на компирот, едноставно потрошувачите имаат тежнеење да не сакаат да купуваат „оштетени“ или евентуално расипани[7] стоки. Името „вродено“ доаѓа од фактот што оваа сорта не содржи никаков генетски материјал од други видови (гените што се користени се „вродени“ во компирот) и користи мешање со РНК за да ги исклучи гените. Simplot се надеваат дека невклучувањето на гени од други видови ќе ги ублажи стравовите на потрошувачите за биотехнологијата.[5]
„Вродениот“ компир не е една сорта; туку, тоа е група на сорти на компири кои ги имале истите генетски измени применети со истата постапка. Пет различни сорти на компири се преобразени, создавајќи „вродени“ верзии на сортите, со сите првобитни особини, плус изменетите. Компирите на Ranger Russet, Russet Burbank и Atlantic се преобразени од Simplot, како и две сопственички сорти. Изменувањата на секоја сорта вклучувале две преобразби, по една за секоја од двете нови особини. Така, имало вкупно десет преобразбувачки настани во развојот на различните вродени сорти.[8]
McDonald's е главен потрошувач на компири во Соединетите Држави. Организацијата „Надзор за храна и вода“ (англиски: Food and Water Watch) поднела петиција до претпријатието да ги отфрли ново пласираните компири Innate.[9] McDonald's објавиле дека ја отфрлиле можноста за користење на Innate.[10]
Претходно пласирани сорти
[уреди | уреди извор]Употреба како храна
[уреди | уреди извор]NewLeaf
[уреди | уреди извор]Во 1995 година, претпријатието Monsanto ја претставил сортата компири NewLeaf, која била нивната прва генетски изменета култура. Дизајнирана е да се спротивстави на нападот од компировата златица поради вметнувањето на гени кои произведуваат Bt токсин од бактеријата Bacillus thuringiensis. Компирите отпорни на инсекти нашле само мал пазар, а Monsanto ја прекинал продажбата на семето во 2001 година.[11]
Употреба во индустријата
[уреди | уреди извор]Амфлора
[уреди | уреди извор]„Амфлора“ (Amflora; позната и како EH92-527-1) била сорта развиена од BASF Plant Science за производство на чист амилопектински скроб за преработка во восочен компиров скроб.[12] Сортата била одобрена за индустриски примени на пазарот на Европската Унија на 2 март 2010 година од страна на Европската комисија,[13] но била повлечена од пазарот на ЕУ во јануари 2012 година поради недостаток на прифаќање од земјоделците и потрошувачите.[14]
Непласирани сорти
[уреди | уреди извор]Изменетиот компир Désirée бил развиен во 1990-тите од биохемичарот[15] Џон Гејтхаус во Cambridge Agricultural Genetics (подоцна преименуван во Axis Genetics) и поминал низ двегодишни теренски испитувања во Опитната станица „Ротамстед“.[16] Компирите биле изменети за да го изразат генот Galanthus nivalis agglutinin од кокичето (Galanthus), што ги натерало да произведат лектинска белковина со Galanthus nivalis agglutinin која е токсична за некои инсекти.[17][18] Оваа врста компири е онаа што била вклучена во Пуштаиевата афера.
Други слични истражувања - за трансгенските компири Désirée, со хемикалии против хранење пренесени од други растенија, неколку години претходно, со истражувач од Axis - исто така биле направени од работна група вклучувајќи го Гејтхаус и неговата сопруга Ангхарад. Во тоа време, двојката Гејтхаус биле на Универзитетот во Дурам.
Во 2014 година, група британски научници објавиле труд за тригодишно теренско тестирање, кој покажува дека друга генетски изменета верзија на сортата Désirée може да се спротивстави на инфекцијата по изложување на компировата мувла (Phytophthora infestans), една од најсериозните болести на компирот. Тие го развиле овој компир за отпорност на компировата мувла со вметнување на ген (Rpi-vnt1.1) во ДНК на компирот Désirée. Овој ген, кој дава отпор кон мувлата, бил изолиран од див роднина на компирот, Solanum venturii, кој е домороден во Јужна Америка.[19][20]
Во 2017 година, научниците од Бангладеш развиле сопствена врста на генетски изменети компири отпорни на компировата мувла.[21]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Tracy, Tennille (20 ноември 2014). „Genetically Modified Potato Wins Approval From USDA“. Wall Street Journal.
- ↑ „Introducing Innate™ Technology“. simplotplantsciences.com. J. R. Simplot Company. Архивирано од изворникот на 2022-04-23. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ „J.R. Simplot Company Petition (13-022-01p) for Determination of Non-Regulated Status for InnateTM Potatoes with Low Acrylamide Potential and Reduced Black Spot Bruise: Events E12 and E24 (Russet Burbank); F10 and F37 (Ranger Russet); J3, J55, and J78 (Atlantic); G11 (G); H37 and H50 (H)“ (PDF). aphis.usda.gov. United States Department of Agriculture Animal and Plant Health Inspection Service. март 2014. Посетено на 22 April 2015.
- ↑ „FDA concludes Arctic Apples and Innate Potatoes are safe for consumption“. fda.gov. U.S. Food and Drug Administration. 20 март 2015. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ 5,0 5,1 Pollack, Andrew (7 ноември 2014). „U.S.D.A. Approves Modified Potato. Next Up: French Fry Fans“. The New York Times. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ Glenza, Jessica (8 ноември 2014). „'Innate Potato' heads for market but GM watchdogs chip away at Simplot success“. theguardian.com. Guardian News and Media Limited. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ Nutrition, Center for Food Safety and Applied (2022-01-10). „GMO Crops, Animal Food, and Beyond“. FDA (англиски).
- ↑ von Mogel, Karl Haro (8 мај 2013). „Q&A with Haven Baker on Simplot's Innate™ Potatoes“. biofortified.org. Biology Fortified, Inc. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ Charles, Dan (13 јануари 2015). „GMO Potatoes Have Arrived. But Will Anyone Buy Them?“. npr.org. NPR. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ Gunther, Marc (4 декември 2013). „McDonald's GMO dilemma: why fries are causing such a fuss“. theguardian.com. Guardian News and Media Limited. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ Kilman, Scott (21 март 2001). „Monsanto's Genetically Modified Potatoes Find Slim Market, Despite Repelling Bugs“. Wall Street Journal. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ „BASF drops GM potato projects“. Chemistry World. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ „GM potato to be grown in Europe“. The Guardian. 3 март 2010. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ James Kanter for the New York Times. 16 јануари 2012. BASF to Stop Selling Genetically Modified Products in Europe
- ↑ „Professor J.A. Gatehouse – Durham University“. Архивирано од изворникот на 2016-02-01. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ Arpad Pusztai GM Food Safety: Scientific and Institutional Issues Science as Culture, Volume 11 Number 1, март 2002
- ↑ Ewen SW, Pusztai A (октомври 1999). „Effect of diets containing genetically modified potatoes expressing Galanthus nivalis lectin on rat small intestine“. Lancet. 354 (9187): 1353–4. doi:10.1016/S0140-6736(98)05860-7. PMID 10533866.
- ↑ Murdock, L. L.; Shade, R. E. (2002). „Lectins and Protease Inhibitors as Plant Defenses against Insects“. Journal of Agricultural and Food Chemistry. 50 (22): 6605–6611. doi:10.1021/jf020192c. PMID 12381159.
- ↑ McGrath, Matt (17 февруари 2014). „Genetically modified potatoes 'resist late blight'“. bbc.com. BBC. Посетено на 17 февруари 2024.
- ↑ Jones, J. D. G.; Witek, K.; Verweij, W.; Jupe, F.; Cooke, D.; Dorling, S.; Tomlinson, L.; Smoker, M.; Perkins, S. (17 февруари 2014). „Elevating crop disease resistance with cloned genes“. Philosophical Transactions of the Royal Society B: Biological Sciences. 369 (1639): 20130087. doi:10.1098/rstb.2013.0087. PMC 3928893. PMID 24535396.
- ↑ Pieterse, Lukie (2017-01-06). „Bangladesh: GM potato crop ready for release“. Potato News Today. Посетено на 17 февруари 2024.
Дополнителна книжевност
[уреди | уреди извор]- Halterman, Dennis; Guenthner, Joe; Collinge, Susan; Butler, Nathaniel; Douches, David (19 ноември 2015). „Biotech Potatoes in the 21st Century: 20 Years Since the First Biotech Potato“. American Journal of Potato Research. 93 (1): 1–20. doi:10.1007/s12230-015-9485-1.
- D. R. Rockhold, M. M. Maccree & W. R. Belknap (6 декември 2012). „20. Transgenic Potato (Solanum tuberosum L.)“. Transgenic Crops II. Springer. стр. 305–324. ISBN 978-3-642-56901-2.