Влегување на крстоносците во Константинопол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Влегување на крстоносците во Константинопол
Творец Ежен Делакроа
Година 1840
Вид Маслена слика
Димензии 498 см × 410 см
Место Лувр, Париз

Влегување на крстоносците во Константинопол (француски: Entrée des Croisés à Constantinople) или Крстоносците влегуваjќи во Константинопол ― голема слика на Ежен Делакроа. Била нарачана од Луј-Филип во 1838 година, а завршена во 1840 година. Насликана со масло на платно, таа е во збирката на Музејот Лувр во Париз.

Сликата на Делакроа прикажува позната епизода од Четвртата крстоносна војна (12 април 1204 година), во која крстоносците се откажале од нивниот план да го нападнат муслиманскиот Египет и Ерусалим и наместо тоа го ограбиле христијанскиот (православен) град Константинопол, главниот град на Римската Империја. Сликата го прикажува Балдвин I на чело на поворка низ улиците на градот по нападот; на сите страни се жителите на градот кои молат за милост.[1]

Сјајноста на сликата и употребата на бои се должи на студијата на Делакроа за старите мајстори, како што е Паоло Веронезе.[1] Сликата била изложена во Салонот од 1841 година, каде што сликарскиот романтизам на нејзиниот стил бил контроверзен; весникот Le Constitutionnel изразил жалење за „збунетата и задавена композиција, досадните земјени бои и недостатокот на дефинитивни контури“, но Бодлер ја ценел „апстракционата намера“ на делото.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Pool, p. 36.

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

  • Пул (Pool), Фиби (Phoebe) (1969). Delacroix. Лондон: Hamlyn. ISBN 0-600-03796-7